Какви промени ќе доживеете кога ќе ја сретнете вашата сродна душа?
Се забавувате дури и кога не правите ништо интересно
Можете да го поминете целиот ден излежувајќи се дома и да уживате во тоа затоа што сте заедно. Нема потреба да правите нешто возбудливо или необично за да се забавувате, најважно е што сте еден покрај друг.
Природно ви доаѓа да гo допирате вашиот партнер
Без разлика дали станува збор за случаен или намерен физички контакт, се чувствувате физички опуштени еден покрај друг. Можете да ја ставите главата на неговото рамо, да ја фатите за рака или да се прегрнете без воопшто да размислувате. Тоа ви доаѓа сосема природно.
Секогаш наоѓате начин да ги направите нештата урнебесно смешни
Не е важно дали гледате комедија или си лежите по тренерки, не постои ситуација од која не можете да извлечете нешто смешно. Животот е десет пати посмешен кога сте заедно.
Не мора да се контролирате кога сте покрај вашиот партнер
Не треба да смислувате соодветен начин да се изразите или однесувате. Вашиот партнер секогаш ги чувствува вашите мисли и разбира што навистина мислите. Тоа ја сведува тензијата во врската на минимум.
Разговорот помеѓу вас тече природно
Не треба да размислувате што ќе зборувате затоа што уживате во разговорот за апсолутно сѐ. Треба само да почнете да муабетите и разговорот може да трае со часови.
Можете да се исмевате без да се навредите
Не чувствувате како да ризикувате кога се шегувате на сметка на вашиот партнер. Целосно ја разбирате вашата смисла за хумор и знаете како да се задевате без да ги поминете границите.
Не треба да го чекате вистинскиот момент за да се јавите или да пратите порака
Не се плашите да му пратите 2 или 3 пораки на вашиот партнер кога имате да му кажете нешто. Никогаш не чувствувате дека сте наметливи кога ќе одлучите да му се јавите. Врската помеѓу вас двајца не е игра, туку вистинска привлечност која никогаш не се намалува, ниту за момент.
Не ви е гајле што мислат другите за вашата врска
Немате потреба јавно да кажувате како тече вашата врска или да ги споделувате деталите од вашиот личен живот со секој кој сака да ве слуша. Не се грижите дали вашите родители ќе го прифатат партнерот или не. Знаете како се чувствувате и ништо друго не е важно. Комплетно сте сигурни во вашиот избор и не ви треба туѓото одобрување.