Како водат љубов мажите кои се вистински заљубени во нивната партнерка?
Сексот на почетокот од врската е возбудлив и поинаков од сексот со поранешните партнери. Но, кога момците ќе почнат да се заљубуваат, тогаш сѐ се менува и сексот станува сосема поинаков. Доколку го препознаете вашиот партнер во следниве неколку ситуации за време на водењето љубов, можете да бидете сигурни дека сте му го освоиле срцето…
Ве бакнува почесто и подолго
Бакнежите се многу интимен чин за мажите. Токму затоа, тие се еден од првите знаци дека тој размислува за сериозна врска и може да ја замисли вашата заедничка иднина. Доколку ве бакнува почесто за разлика од порано и подолго ви го бакнува целото тело, тој сака да ви даде до знаење дека многу му се допаѓате и дека навистина се грижи за вас.
Посветен е на сексот
Мажите кои сакаат само да уживаат во сексот, но не и во врската, нема да се трудат премногу околу предиграта и времето што им е потребно на жените да се возбудат. Ако вашиот партнер се грижи за вас, тој ќе да де сѐ од себе за да бидете задоволни од сексот и да почувствувате колку му е тоа важно.
Сака да ви угоди
Вљубените момци ги прашуваат нивните партнерки што им се допаѓа за време на сексот и внимателно ги слушаат нивните одговори. Мажите кои не сакаат сериозна врска не чувствуваат потреба да разговараат со партнерката за нејзините желби, ниту пак да се милуваат после сексот.
Секогаш е внимателен и великодушен
Вљубените мажи се великодушни љубовници, не само првите неколку пати, туку поголемиот дел од времето. Тоа е така затоа што се заинтересирани и сакаат однос кој ќе биде нешто повеќе од обичен секс. Токму затоа, тие се обидуваат да сфатат што ви е важно, кои се вашите ерогени зони и кога се чувствувате најдобро.
Секогаш е опуштен и свој
Кога момците се опуштени и не брзаат да си заминат по интимните моменти, тоа е добар знак дека тие се вљубени или почнале да се вљубуваат. Од истата причина тие нема постојано да се трудат да ве импресионираат и да ви покажуваат колку се совршени во кревет.
Внимава на малите работи
Тие внимаваат на атмосферата и се обидуваат да бидат романтични на состанокот. Тие обрнуваат внимание на малите детали како што се вечерата со свеќи и пријатната музика за да ви покажат колку им значите. Исто така, тие сакаат да се дружите со нивните пријатели и да одите на кратки патувања. Мажите кои се заинтересирани само за секс и забава никогаш не би ве вклучиле толку многу во нивниот живот.
Прочитајте ги и следниве 10 клучни разлики помеѓу сексот од љубов и сексот од страст.