Како да се чувствувате поздраво за точно 30 дена? - Part 2

Како да се чувствувате поздраво за точно 30 дена?

6-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 16: Заминете на спиење еден час порано

Дополнителното време за спиење ќе ви помогне полесно да се разбудите наутро. Како резултат на тоа, вашиот ден ќе тече многу помазно.

Ден 17: Почестете се со масажа

Дури и 10-минутната масажа во локалниот салон може да направи чуда за вашето расположение, особено кога ќе бидете тажни и депресивни.

Ден 18: Симнете апликација која ќе ви помогне да медитирате

Постојат многу апликации кои ќе ви понудат брзи вежби што ќе го унапредат вашиот ум откако ќе се разбудите или додека сте на пауза на работното место.

7-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 19: Исклучете го вашиот мобилен телефон

Исклучете се од сите социјални мрежи барем еден час пред да замините на спиење за да се оддалечите од преголемата стимулација на сината светлина.

Ден 20: Резервен план: Ставете го мобилниот на „ноќен режим“

Доколку не можете да го исклучите мобилниот, тогаш наместете ја светлината во зависност од атмосферата. Едноставно, најдете ги нагодувањата, изберете ја опцијата за екран и светлина и од таму наместете на најтемната опција. Од овде можете да ја контролирате сината светлина.

Ден 21: Заменете го десертот со овошен јогурт

Оваа замена е исполнета со здрави бактерии кои ќе го подобрат вашето варење и ќе го намалат стресот.

8-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 22: Направете листа од сите работи кои ги сакате

Најдобриот противотров е да направите листа со задачи кои сте ги извршиле. Исто така, запишувањето на работите кои ве прават среќни ќе ви помогнат да се фокусирате на позитивите работи во вашиот живот.

Ден 23: Скокајте наоколу за да ја ослободите ненадејната појава на стрес

Следниот пат кога ќе почувствувате стресна ситуација, сокријте се во вашиот приватен простор, замавтајте со рацете и скокајте во место. Ова ќе ја ослободи лимфната течност, ќе го „ресетира“ нервниот систем и ќе ве наполни со ендокрин кој ќе тече низ вашето тело.

Ден 24: Или изедете мандарина

Не само што ја содржи дневната потребна количина на витамин Ц, туку една мандарина содржи и цитурсен мирис кој ќе го подобри вашето расположение.

kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena

Ден 25: Допрете ги вашите прсти

Да, гестикулациите се здрави. Ова ќе го зголеми течењето на крв низ вените, според студијата спроведена на Универзитетот во Мисури.

Ден 26: Обидете се да го исклучите шеќерот од вашата исхрана (дури и за 24 часа)

Според Универзитетот Харвард, консумирањето големо количество шеќер може да ја зголеми депресијата и да ја попречи менталната јасност. За да го избегнете шеќерот обидете се во маркетот да ги избегнувате полиците со десерти и грицки.

Ден 27: Исклучете го и кафето

Зависноста од кофеин е реална. Обидете се да издржите без кафе околу една недела. Откако ќе ги надминете симптомите на повлекување, ќе забележите дека има големо подобрување во вашето расположение и спиење.

9-kako-da-se-chuvstvuvate-pozdravo-za-tochno-30-dena-www.kafepauza.mk_

Ден 28: Испланирајте ја ноќта

Понекогаш, велењето „Не“ и блокирањето на времето за себе е најздравата работа што можете да ја направите. Имате дозвола да го направите тоа повеќе од една вечер.

Ден 29: Прошетајте го вашето или некое друго куче

Вашата дневна цел е 10.000 чекори. И слаткото кученце е најдобрата иницијатива за да излезете од домот.

Ден 30: И еднаш засекогаш, престанете да притискате „снуз“ на алармот

Доцнењето е најлошата работа. Мал трик: Поставете го вашиот аларм на другата страна од собата. Тогаш ќе мора да станете од креветот за да го исклучите, па многу помали се шансите дека ќе сакате повторно да се вратите назад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар