Како да престанете да се грижите за мислењето на другите?

Како да престанете да се грижите за мислењето на другите?

Иако луѓето зборуваат и коментираат, всушност никој од нив не размислува толку колку што зборува. Луѓето се повеќе загрижени за себе отколку за вас. Секој друг им е само мисла која трае 1 секунда.

kako-da-prestanete-da-se-grizhite-za-mislenjeto-na-drugite-kafepauza.mk

Дел од животот е да се грижиме за мислењето на другите, но кога тоа ќе почне навистина да влијае на вас:

  • Имајте на ум дека сте овде со поважна причина
  • Не сте овде за да ги задоволите сите
  • Ако се обидувате да го направите тоа, постојано претерано ќе се грижите

Луѓето имаат право на свој глас и мислење, но нивното мислење е нивно и е само нивна вистина. Секој поминува низ разни нешта во животот.

Никогаш не заборавајте дека тоа што го мислат другите за вас не е ваша работа. Всушност, не е важно што мислат другите. Она што е важно е дали ќе дозволите тоа туѓо мислење да ве контролира. Вие не можете да го контролирате мислењето на другите, но секогаш можете да го смените начинот на кој се гледате себеси.

Никој не смее да има моќ над вас, а ако некој ви рече нешто кое ќе има влијание, ова сфатете го како сигнал или благослов кој само ќе ве мотивира да се движите напред. Одберете да ја преземете моќта.

„Сите ние ги поминуваме нашите 20-ти и 30-ти години обидувајќи се да бидеме совршени бидејќи се грижиме за мислењето на другите. Кога ќе стигнеме до 40-тите и 50-тите години конечно почнуваме да бидеме слободни бидејќи одлучуваме дека воопшто не ни е грижа за мислењето на другите. Но нема да бидете навистина слободни сè додека не стигнете до своите 60-ти години и не ја сфатите вистината – никој не мислел ништо за вас.“ – Елизабет Гилберт

Како да престанете да се грижите за мислењето на другите?

1. Замислете си дека веќе имате 90 години. Дали вашата 90-годишна верзија би ви рекла да не правите нешто поради мислењето на другите?

2. Прифатете дека се грижите, а ова ќе ви помогне да изберете да се придвижите напред и да го направите најдоброто за вас.

3. Вежбајте љубов кон себе, синхронизирајте се со вашата вистинска верзија, медитирајте, дајте си време да си го исчистите умот.

Сега сте слободни. Секој друг е премногу зафатен со себе за да се грижи за вас или за она што вие го правите. Па, следете ги вашите соништа и не грижете се што мислат другите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар