Како да носите костим, а притоа да не се чувствувате здодевно и монотоно? - Part 2

Како да носите костим, а притоа да не се чувствувате здодевно и монотоно?

5. Носете го костумот со мокасини

6-kako-da-go-stilizirate-kostumot-a-da-izgledate-moderni-i-zhenstveno-www.kafepazua.mk_

Ова е изгледот од нашите соништа. Наместо да се борите со мускулната конструкција на костимот со женски обувки, комбинирајте ја оваа машка облека со мокасини. Сребрената бразлетна на глуждот ќе биде шлагот на тортата.

6. Или комбинирајте нешто со пруги

7-kako-da-go-stilizirate-kostumot-a-da-izgledate-moderni-i-zhenstveno-www.kafepazua.mk_

Доколку ви се допаѓа, секогаш можете да понесете обична блуза со пруги под палтото? Резултатот е навистина прекрасен и изгледа доста кежуал и тренди.

7. Измешајте ја женственоста и машкоста

8-kako-da-go-stilizirate-kostumot-a-da-izgledate-moderni-i-zhenstveno-www.kafepazua.mk_

Оваа комбинација е доказ за тоа дека не треба да избирате луди бои или драматични детали за да го направите класичниот костим да изгледа перфектно модерен. Нам ни се допаѓа контрастот помеѓу до горе закопчаната кошула и несомнено женствените високи потпетици. Секако, чантата е секогаш добредојдена.

8. Комбинирајте со тенка марама

9-kako-da-go-stilizirate-kostumot-a-da-izgledate-moderni-i-zhenstveno-www.kafepazua.mk_

Едноставен начин да го зачините вашето обично црно одело е врзувањето тренди, тенка марама околу вратот. Гледајте на неа како поженствена верзија од машката вратоврска.

9. Или пак експериментирајте со бандана

10-kako-da-go-stilizirate-kostumot-a-da-izgledate-moderni-i-zhenstveno-www.kafepazua.mk_

Можеби оваа комбинација нема да биде вашиот избор за работа, но банданата е уште помодерен избор од алтернативата со тенката марама. Најдоброто од сѐ е тоа што можете да ја купите доста евтино.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар