Како да ја разбудите вашата духовна креативност?
Креативноста може да се менува и истекува во зависност од нашето расположение и околностите во кои се наоѓаме. Некои денови сме едноставно премногу нервозни за да можеме да создадеме позитивна и креативна средина.
Но, духовноста може да ја поттикне креативноста повеќе отколку што верувате. Постојат начини на кои со нејзина помош можете да ги отфрлите негативноста и препреките и така да најдете мир со цел во себе да ја откриете креативноста што ви е потребна.
1. Погрижете се инспирацијата да биде насекаде околу вас
Прво мора да „излеземе“ надвор од себе. Ова можеби изгледа чудно, знаејќи дека се работи за наше креативно дело, но штом еднаш погледнеме во поголемата слика, веднаш ќе најдеме инспирација во луѓето и местата околу нас.
2. Создадете мирна околина
Следно што треба да направите е да се ослободите од нештата кои ви го одвлекуваат вниманието. Тоа значи да го исклучите телевизорот, да ја намалите гласноста на музиката и навистина да го опуштите вашиот мозок. Дајте си себеси простор и ослободете го вашиот дух. Ова секако ќе ви даде време да формирате повеќе мисли и различни гледишта, за кои ќе можете да разговарате со други луѓе и вашата инспирација едноставно ќе почне слободно да тече.
3. Потиснете ја негативноста
Обидете се да ја елиминирате негативноста од вашиот живот. Негативните елементи не само што влијаат на вашето расположение, туку ја намалуваат и ефективноста. Oва може само да ја попречи вашата креативност и да ве врати назад. Направете обид да не се врзувате за негативните мисли, без разлика дали се работи за поглед кон светот или за некоја личност. Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вашата ментална благосостојба. Исто така избегнувајте ги лошите вибрации, така што нема да дозволите негативноста од другите да се пренесе на вас.
Последната порака е дека никогаш не треба да верувате дека сте знаете сѐ. Секогаш може да научите нешто ново. Вашата духовност се развива заедно со вашата креативност и секогаш бидете отворени за нови знаења.