Како да го сопрете опаѓањето на косата?
Различните фази на опаѓањето на косата бараат различни третмани. Можеби мислите дека ви требаат многу пари за да го „излечите“ губењето на косата? Ќе ви откриеме една долго премолчувана тајна: Не постои лек.
Ќелавоста кај мажите е запишана во нивните гени и не постои едноставен начин целосно да се спречи, туку само третмани кои ќе го забават опаѓањето на косата.
„За да го спречите опаѓањето на косата немојте да се миете со врела вода, туку со млака и после миењето не сушете ја со фен, туку оставете таа да се исуши по природен пат. Исто така важно е да спиете седум часа секоја вечер, бидејќи на тој начин се регенерира и се лачи хормонот за растење,“ вели специјалистот за опаѓање на коса Рагу Реди.
Средна опаѓање на косата
Постојат два клинички тестирани медицински третмани кои можат да го спречат понатамошното губење на косата и да поттикнат нов раст, а тоа се финастерид (попознат како пропеција) и миноксидил (познат како рогаин). Комбинацијата од овие две препарати е најдобра основа за секојдневен третман.
Пропеција
Земајте една пилула од 1 милиграм секојдневно, но претходно проверете да не случајно се наоѓате во групата од 15 проценти мажи кои се отпорни на пропеција.
Истражувањето спроведено врз 1.553 мажи со средно, до умерено опаѓање на косата, покажало дека пропецијата го одржува растот или го зголемува за дури 83 проценти.
Рогаин
Миноксидилот, познат како рогаин, се нанесува директно на скалпот и го спречува понатамошното опаѓање на косата и го поттикнува нејзиниот раст, но не е утврдено точно за колку проценти.
Умерена ќелавост
Кога областа околу вашето теме станува целосно ќелава, скоро е невозможно на тоа место повторно да израсне коса, но со одредени третмани, иако веќе ќелавењето зело замав, постојат шанси да вратите одреден процент од косата.
Клиниката за губење коса „The Belgravia Centre“ произведува миноксидил од 12,5 проценти, кој е посебно направен за целните региони од главата кои сериозно почнуваат да ќелават.
Исто така може да се обидете и со ласерски третман. Едно испитување кое траело 26 недели и вклучувало 110 пациенти со целосна ќелавост на одредени места од главата, открило дека испитаниците кои го користеле продуктот „Hairmax LaserComb“, забележале значително подобрување на густината на косата.
Сериозно опаѓање на косата
Во оваа фаза од опаѓањето на косата, се чини дека трансплантацијата претставува единственото решение. Просечен маж има околу 100.000 влакна на главата, а вас ќе ви бидат потребни минимум 25.000 ако не сакате да се соочите со целосно опаѓање на косата.
Целосна ќелавост
Ако еднаш целосно ја изгубите косата, тогаш е веќе доцна за трансплантација. Единствено што може да се направи е клонирање на коса, која со себе носи одредени ризици од одбивање и реакција кон новите клонирани влакна. Но не очајувајте, и ќелавите мажи ги привлекуваат жените.