Како да го скратите траењето на менструалниот циклус на природен начин?
6. Боранија
Правилната исхрана има големо влијание на менструалниот циклус. Боранијата е позната по нејзината способност да го намали текот на менструацијата, па дури и да го сопре менструалниот период во одредени случаи. Вклучете ја во вашата редовна исхрана и веднаш ќе ги забележите резултатите. Боранијата е богата со калциум и ги намалува менструалните болки.
7. Чај од малина
Потребни состојки:
- Грст суви или свежи листови од малина
- 2 шолји вода
Начин на подготовка:
Варете ги листовите од малина во водата на тивок оган неколку минути. Оставете го растворот да се олади. Исцедете ја водата и напијте се една шолја растителен чај. Можете да пиете две до три шолји чај од малина дневно.
Зошто ова функционира?
Чајот од малина содржи многу витамини и минерали кои се корисни за женското тело. Можете да го пиете редовно и за време на бременоста. Ја опушта матката и го намалува текот на менструацијата.
8. Кокосово масло
Потребни состојки:
- 1-2 лажици органско кокосово масло
Начин на подготовка:
Едноставно голтнете го маслото одеднаш. Доколку не ви се допаѓа вкусот, додајте го во шолја топол чај и на тој начин испијте го. Веднаш ќе го почувствувате ефектот по само неколку часа.
Зошто ова функционира?
Кокосовото масло содржи масни киселини и антиоксиданси кои го регулираат менструалниот циклус и го намалуваат текот.
9. Корен од ангелика
Потребни состојки:
- 1 лажичка исушен корен од ангелика
- 1 шолја зовриена вода
Начин на подготовка:
Ставете го растението во жешка вода неколку минути. Исцедете ја водата и испијте го чајот. Можете да го пиете чајот два пати дневно.
Зошто ова функционира?
Оваа билка се користи при лекувањето на многу менструални проблеми. Станува збор за стар кинески лек што го користеле жените кои сакале привремено да ја сопрат менструацијата. Коренот од ангелика го одржува балансот на женските хормони и го сопира менструалниот тек. Меѓутоа, доколку сте бремени или доите, не го користете овој лек.
10. Земете апче
Многу жени земаат контрацепциони апчиња за да се заштитат од несаканата бременост. Но, овие апчиња се исто така корисни доколку сакате да ја сопрете менструацијата. Тие функционираат на тој начин што ја спречуваат овулацијата. Содржат естроген и прогестерон, познати и како женски хормони. Внимателно прочитајте ги упатствата пред да ги користите. Кога ќе престанете со употреба, ќе добиете менструација.
Што треба да јадете за да ја сопрете менструацијата?
- Супа од леќа. Пригответе густа супа од леќа и јадете ја секој ден за да го одложите добивањето менструација.
- Моркови. Морковите предвреме ја сопираат менструацијата со тоа што му помагаат на телото да ја исфрли насобраната крв за помалку дена.
- Храна богата со калиум. Бананите, слаткиот компир, јогуртот и лососот го регулираат менструалниот циклус, а благодарение на нив вашиот менструален период ќе трае пократко и крвавењето нема да биде обилно.
- Рибино масло. Рибиното масло е богато со омега-3 масни киселини што исто така помага при намалување на крвавењето.
- Храна богата со железо. Школките и компирите исто така можат да го намалат менструалниот тек.
Одбегнувајте лута и зачинета храна, јадете многу свежо овошје и зеленчук и на тој начин вашиот менструален тек ќе биде под контрола. Без разлика која е причината што сакате да го одложите или сопрете добивањето менструација, овие лекови со сигурност ќе ви помогнат.