Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

Автор: Вера Мартиноска

Ако треба да присуствувате на некоја свечена прослава, свадба, вечерна забава, опера, театар, дипломска забава, а не знаете што да носите, не грижете се. Пронаоѓањето на вистинскиот фустан е само прашање на одвоено време и малку напор.

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

1. Изберете боја и материјал

Првиот чекор за избирање коктел-фустан е да одлучите која боја сакате да биде – црвена, бела, црна, златна, зелена, сина, како и материјалот. Најчестите ткаенини се свила, сатен и шифон. Овие две работи одат заедно. Многу е полесно кога знаете дека сакате син сатенски или зелен шифонски фустан отколку да ги пребарувате сите сини, зелени, сатенски и шифонски фустани додека да го пронајдете тоа што го сакате. Ако веќе се замисливте во смело црвена или светкаво сина боја, бидете сигурни дека ќе останете запаметени, затоа што ќе изгледате извонредно, но помислете повторно, ако сакате почесто да го носите фустанот. Во тој случај, сепак одберете поосновна боја. Со различни додатоци, можете сосем да го смените изгледот на фустанот и да го носите во повеќе прилики, без некој да забележи дека се работи за истиот.

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

2. Одлучете се за вистинската должина

Должината на коктел-фустанот може да варира од глуждовите до колената, така што можете да ја изберете која било должина, во зависност од тоа во што ви е удобно и што сметате дека ви прилега. Ако не можете да одлучите, пробајте неколку различни должини за да видите што ви стои најдобро. Исто така, секогаш може да ги искористите здолништата кои веќе ги поседувате како репер за должината во која изгледате најдобро и се чувствувате најпријатно.

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

3. Одредете ја формата на вашето тело

Одредувајќи го типот на фигура што го имате, полесно ќе најдете фустан кој ќе ги нагласи вашите атрибути, а ќе ги скрие недостатоците. Познати се 5 главни женски форми на тело:

  • круша: мали гради, долго торзо, колкови и бутови поголеми од струкот и градите
  • песочен часовник: мал струк со гради и колкови поголеми од струкот
  • права: позната и како момчешка градба, со малку видливи облини
  • кружна: големи струк и гради, а може да имаат потенки нозе
  • превртен триаголник: широки рамена со тесни колкови и струк

Одберете форма на фустан која најдобро ќе одговара со вашата фигура и нагласете ги градите со стил.

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?

4. Пронајдете ги вистинските додатоци

Може да одберете кои било од додатоците кои ви се допаѓаат, како на пример: дијаманти, бисери, аметист, сафири, златен или сребрен накит. Ѓерданите ќе ги нагласат вашите гради, додека обетките ќе привлечат внимание на вашето лице. Што се однесува до чевлите, одберете свечени, со високи потпетици или украсени рамни чевли.

Секогаш носете симпатична плик-чанта или пак мала рачна чантичка. Запомнете дека големите чанти, односно торби за на рамо, во никој случај не би одговарале на краткиот коктел-фустан. За комплетен изглед додадете шал, стилизирано палто, брош или украсна лента за коса. Со овие финални детали, ќе имате целосен изглед и ќе блеснете на забавата во вашиот внимателно одбран коктел-фустан.

Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?Како да го изберете вистинскиот коктел-фустан?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар