Како да ги носите зимските парчиња облека и во текот на пролетта? - Part 2

Како да ги носите зимските парчиња облека и во текот на пролетта?

4. Стилизирајте ги вашите парчиња од џинс на еден занимлив начин. Џинсот е нешто што не исчезнува. Тој се носи секогаш, без разлика на тоа кое годишно време е во тек, а единствено се разликуваат начините на кој го комбинирате. Фармерките во комбинација со лесна блуза или кошула и капут, ќе биде совршен избор за пролетта, додека, на пример, некој тексас фустан, лесен и лелеав, одлично ќе изгледа со чизми и поширок џемпер или голем шал, кои се прилично голем тренд во моментот.

7-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 8-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_

5. Доколку зимските јакни и капути „ја завршиле својата работа“, тоа не значи дека треба да ги исфрлите целосно од модните комбинации кои сте ги носеле во текот на зимата. Сѐ нека остане онака како што сте го носеле и како што сте го стилизирале во студените денови, само променете го капутот во некој потенок мантил кој е идеален за пролет. Овој трик обезбедува удобност, а воедно дава и доста модерен изглед кој е сепак „најбаран“ во тие денови, бидејќи сите сакаат да изгледаат што подобро кога температурите ќе се зголемат.

9-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 10-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_

6. Слободно поиграјте си и со дезените, и тоа кога се во прашање некои модерни парчиња. Фустаните кои ги носите во текот на потоплите денови, како што е фустан-кошулата, комбинирајте ги со чизми над колена, или едноставната модна комбинација надополнете ја со капут со интересен дезен или принт, бидејќи пролетта е време кога сѐ се буди, па тоа за стилот може да значи дека ќе биде зачинет на еден нов, свеж начин.

11-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_ 12-kako-da-gi-nosete-zimskite-parchinja-obleka-i-vo-tekot-na-proletta-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар