Како да бидете прав џентлмен?

Како да бидете прав џентлмен?

На сите девојки им е многу важен првиот впечаток. Сепак, добрите навики и манири не важат само за првите состаноци, туку засекогаш. За да бидете прав џентлмен и да ве сакаат девојките, пробајте да ги почитувате следниве правила.

Како да бидете прав џентлмен

1. Кога се запознавате со девојка, секогаш треба први да се претставите. Доколку за време на запознавањето сте седнати, задолжително станете. Доколку пак седи дамата, немојте да очекувате да стане. Таа може, но и не мора.

2. Откако ќе поразговарате, размените телефонски броеви и го договорите првиот состанок, на влегувањето во кафулето или ресторанот каде што е средбата, момчето секогаш треба да влезе прво, па потоа дамата. За излегување од локалот редоследот е обратен. Ова е правило, никогаш не ја оставајте дамата сама.

Како да бидете прав џентлмен

3. Истото важи и за во лифт. Џентлменот секогаш влегува прв, бидејќи се работи за „направа“ која можеби е во некаков дефект, па тој мора да „провери“ дали е безбедно за да влезе неговата поубава половина.

Како да бидете прав џентлмен

4. Доколку наместо лифт се решите да се качите по скалите, секогаш дамата треба да ја пуштите да оди пред вас, а за слегување вие ќе појдете први. Така вие ќе бидете во позиција секогаш да ја фатите доколку таа се препне… случајно или не.

5. Доколку сте излезени на прошетка, запаметете дека секогаш треба да се движите од нејзината лева страна, бидејќи најчесто на десната ја носи чантата.

Како да бидете прав џентлмен

6. Кога се движите покрај прометна улица, секогаш вие треба да сте на страната која е поблиску до забрзаните автомобили, како би ја заштитиле дамата од случајни незгоди или од евентуални туширања од вирови.

7. Доколку сакате да ја израдувате со некој подарок, секогаш имајте на ум дека со него не треба да се пофалите колку заработувате. Подарокот треба да претставува знак на внимание. Одберете нешто скромно и симболично, барем додека не се запознаете подобро.

Како да бидете прав џентлмен

Смешна поговорка: Момче на девојка ѝ отвора врата од кола, доколку му е нова колата, нова девојката или доколку му е расипана вратата.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар