Кафеав наспроти бел ориз: Кој ориз е подобар? - Part 2

Кафеав наспроти бел ориз: Кој е подобар?

2-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

Губење килограми

Кафеав ориз

На кафеавиот ориз се гледа како поздрава опција за оние кои сакаат да симнат неколку килограми. Како што веќе објаснивме, целата житарка е полна со витамини, минерали, здрави масти, но и протеини. Тој исто така содржи и влакна кои помагаат при правилното движење на дебелото црево, со што помага во слабеењето. Кафеавиот ориз е погоден за луѓето кои имаат неконтролирани напади на глад. Тој прави да се чувствувате сити подолго време, а со тоа го контролирате внесувањето калории. Покрај сето ова, кафеавиот ориз помага во подобрување на здравите бактерии во вашиот метаболизам. Главните недостатоци на оваа житарка е природната дебелина, но и нејзиниот непривлечен вкус. Бидејќи има многу слоеви, тој е тежок за варење. Исто така, фитичната  киселина ја попречува соодветната апсорпција на минералите, а тоа значи дека нема гаранција дека ќе ги добиете сите хранливи материи што кафеавиот ориз ги ветува.

Бел ориз

Рафинираните зрна, како што е белиот ориз, од памтивек се „напаѓани“ поради високото ниво јаглехидрати, а ниската содржина на хранливи влакна. Можеби белиот ориз е ограничен во неговата хранлива вредност, но барем сето тоа е недопрено, за разлика од кафеавиот ориз. Тој е скоро без фитична киселина, може лесно да се вари, и најважно, е вкусен. Покрај тоа, бројот на калории во белиот ориз е помал за разлика од кафеавиот, иако таа разлика е сосема мала. Сето ова покажува дека белиот ориз не е лоша опција за тежината доколку е контролирано неговото внесување.

Варење

Кафеав ориз

Докажано е дека кафеавиот ориз е тежок поради хранливите материи и влакната, па не е толку лесен за варење. Главната причина за тоа е проблематичниот среден слој на житарката кој е дом на сите хранливи влакна и на фитичната киселина.

Бел ориз

Белиот ориз, од друга страна, е изводлива опција за варење. Тој има ограничена содржина на влакна, и содржи повеќе хранливи вредности, иако се во ограничена количина. Сите овие фактори го прават белиот ориз одлична опција за оние кои имаат слаб дигестивен систем.

Арсен

Кафеав ориз

Со сите непроменети слоеви на зрното, кафеавиот ориз содржи значителна количина арсен, неколку слоја повеќе од белиот ориз. Тоа е причината зошто кафеавиот ориз не треба да се јаде често или во неограничена количина. Всушност, многу од брендовите на кафеавиот ориз се пријавени дека содржат најмалку 50% повеќе од безбедната количина арсен, на 200 грама, а некои пак ја надминуваат границата и со две лажици. Па така, со внесувањето повеќе од една порција кафеав ориз со врвен квалитет, вие се изложувате на токсичен арсен. Овде клучот лежи во контролата. Долгорочното внесување на аресен го зголемува ризикот од хронични болести, како што е ракот, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларните болести.

Бел ориз

„Нездравиот“ бел ориз, особено јасмин и басмати, се верува дека содржат најниско ниво на токсичниот арсен. Миењето на оризот е уште подобро. Не само што ќе ги отстраните нечистотиите, туку и ќе ви помогнат во понатамошното намалување на нивото на арсен.

3-kafeav-nasproti-bel-oriz-koj-e-podobar-www.kafepauza.mk_

Јаглехидрати

Кафеав ориз

Нешто недостига во содржината на здравите јаглехидрати. Овој процент е во сенка од страна на слоевите на влакното и целата житарка. Иако намалени, оптималната содржина на јаглехидрати е од суштинско значење за нашето тело да функционира правилно. Тоа ни помага да се обезбедиме со енергија и е од клучно значење за контролирано производство на хормони кај жените.

Бел ориз

Кај белиот ориз се отстрануваат сите дополнителни слоеви и на тој начин има подобра содржина на јаглехидрати. Обидете се да консумирате супериорни бели сорти ориз, како што се јасмин и басмати, во ограничени количини за да ги задоволите дневните барања на јаглехидрати. 200 грама варено долго-гранулен ориз е дневната разумна количин

Поздрави заби и коски

Кафеав ориз

Ако ги земеме предвид хранливите материи, тогаш кафеавиот ориз содржи околу четири пати повеќе магнезиум отколку белиот ориз. Ова покажува дека кафеавиот ориз може да помогне во одржувањето на посилни заби и коски.

Бел ориз

Белиот ориз содржи помалку минерали. Па така, ова не е идеална опција за оние кои сакаат да ги зајакнат своите заби и коски.

Масти

Кафеав ориз

И двете варијанти имаат ниска содржина на масти, но кафеавиот ориз содржи малку поголема количина во споредба со белиот ориз. 200 грама кафеав ориз содржи три грама масти во споредба со еден грам масти во белиот ориз.

Бел ориз

Дали белиот ориз дебелее? Иако белиот ориз се нарекува „нездрав и дека дебелее“, сепак содржи помалку масти во споредба со „поздравиот“ кафеав ориз.

Продолжете на следната страница за заклучокот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар