Извонредни фризури наменети за девојките кои постојано доцнат - Part 2

Извонредни фризури наменети за девојките кои постојано доцнат

4. Неуредна пунџа

Заврзете високо опавче. Напрскајте го секој прамен со лак за коса, а потоа истапирајте го. Ќе добиете бујна, бушава коса која потоа ќе треба да ја замотате во пунџа, и секако, да ја зацврстите со шноли.

5-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_

5. Завиткано опавче

Заврзете ниско опавче од половина, односно од горниот слој на косата. Останатиот прамен од левата страна префрлете го преку опавчето на десната страна и прицврстете го со шнола. Потоа, повторете ја постапката со другиот прамен, односно оној од десната страна, префрлете го преку опавчето, па на левата страна и прицврстете го со шола. Повторувајте ја постапката наизменично сè додека не ја „потрошите“ целата коса која не е во опавчето. Интересна фризура, зарем не?

6-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_

6. Пунџа во форма на панделка

Врзете едноставна пунџа, но така што ќе ви остане дел од косата под ластикот, исто како на фотографијата. Со помош на прстите раздвојте ја пунџата на два дела така што ќе добиете своевиден патец. Остатокот од косата кој остана под ластикот, префрлете го преку „патецот“ за да направите панделка и прицврстете со шноли.

7-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар