Извадоци од дневникот на Ана Франк
Прочитајте дел од надежите, соништата и стравовите на Ана Франк, испишани во нејзиниот дневник додека се криела од нацистите во тајната соба, во куќата на нејзиниот татко во Амстердам…
„И, конечно, повторно пресврт во моето срце, лошото е надвор, доброто е внатре. Продолжувам да барам начин да станам она што би сакала и што би можела да бидам, кога таму надвор не би живееле некои други луѓе.“
„И тогаш, тие дојдоа по мене.“
„Секој во себе носи некоја добра вест. Добрата вест е дека не знаете колку многу можете да сакате, што сè може да постигнете, колкав е вашиот потенцијал!“
„Колку само беа точни зборовите на тато кога рече: сите деца мора да се грижат за своето воспитување. Родителите можат да им дадат само добар совет или да им го покажат вистинскиот пат, но конечното формирање на карактерот на една личност е во нејзини раце.“
„Колку е прекрасно тоа што никој не треба да чека ниту момент за да почне да го подобрува светот.“
„Јас не мислам на сета мизерија, туку на убавината што преостанува.“
„Не верувам дека единствено големите мажи, политичарите и капиталистите се виновни за војната. О, не, и малиот човек е исто толку силен, во спротивно луѓето во светот ќе го кренеа гласот многу одамна! Луѓето имаат нагон да уништуваат, да убиваат… Сè додека целото човештво, без исклучок, не претрпи голема промена, тоа ќе војува и сè што е изградено, одгледувано и растено, ќе биде уништено и изобличено. Потоа човештвото ќе мора да почне сè одново.“
„Често сум потиштена, но никогаш во очај. Нашето криење го сметам за опасна авантура, која во исто време е и романтична и интересна. Во мојот дневник немаштијата ја третирам како забавна, смешна. Одлучив да водам поинаков живот од другите девојки, а подоцна, различен од обичните домаќинки.“
„Јас живеам во лудо време.“
„Сите ние живееме со цел да бидеме среќни, нашите животи се различни, а сепак исти.“
„Едноставно јас не можам да ја градам мојата надеж врз основа на конфузија, беда и смрт… Мислам дека мирот и спокојството повторно ќе се вратат.“
„Сега ја смирувам совеста со мислата дека е подобро тешките зборови да се стават на хартија, отколку мама да ги носи во срцето.“
„Кога читам книга што ме импресионира, импресиите мора да ги чувам цврсто во себе, инаку луѓето ќе помислат дека сум чудна.“
„Дали раздорот ќе се појави додека сè уште се бориме, дали Евреинот повторно вреди помалку од другите? Ох, тоа е тажно, многу тажно, тоа што уште еднаш, по кој знае кој пат, се потврдува старата вистина: ‘Она што го прави Христијанинот е негова работа, а она што го прави Евреинот се одразува и на другите Евреи.’“
„Навистина е чудо што досега не ги отфрлив сите мои идеали, бидејќи тие изгледаат толку апсурдно и невозможно да се спроведат. Сепак, ги чувам, затоа што и покрај сè јас уште верувам дека луѓето се навистина добри во срцето.“
„Морам да се придржувам до моите идеали, можеби ќе дојде време кога ќе бидам во можност да ги реализирам.“
„Мрзливоста може да биде атрактивна, но работата дава задоволство.“
„Најдобар лек за оние кои што се исплашени, осамени или несреќни е да излезат надвор, некаде каде што можат да бидат тивки, сами со небото, природата и Бога, бидејќи само тогаш можат да почувствуваат дека е сè како што треба.“
„Тие не мора да го знаат мојот очај, не смеам да им дозволам да ги видат раните кои ми ги предизвикаа. Јас не можам да го поднесам нивното сочувство и нивните невкусни шеги, тоа само ќе направи да посакам да врескам сè повеќе и посилно.“
„Помислете на целата убавина што остана околу вас и бидете среќни.“
„Кој би помислил дека толку многу работи минале низ душата на една млада девојка?“
„Тој што е среќен, ги прави среќни и другите околу него.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
„Кој би помислил дека толку многу работи минале низ душата на една млада девојка?“-Зар не кажа самата се со оваа реченица..
Доказ дека војната уништува се.
sum go citala cel
Тажнооооооооооооооооооо
Свака ти час