Како да го исчистите вашиот дом од негативна енергија?

Како да го исчистите вашиот дом од негативна енергија?

Познато ли ви е чувството на меланхолија и лежерност кога сте дома по завршувањето на работната недела? Одвреме-навреме овие чувства можат многумина да обземат, но доколку постојано кога сте во вашиот дом се чувствувате уморно и исцрпено, тогаш тоа е знак дека треба да го исчистите од негативна енергија. Со помош на следниве 10 методи вие можете да ја отстраните насобраната негативна енергија од домот, за тој повторно да стане пријатно место за живеење каде што секогаш ќе бидете во добро расположение и полни со позитивна енергија.

Исчистете го вашиот дом од негативна енергија со помош на овие начини

1. Проветрете го целиот дом

Првиот чекор за оттргнување на негативната енергија од домот е добро да го проветрите. Отворете ги сите прозорци за да создадете провев, дури и ако надвор времето е студено. Дозволете да влезе свежиот воздух во секој агол од вашиот дом и додека чекате, искористете го времето да ги исчистите и перниците, ќебињата и јорганите.

2. Запалете темјан

Оваа миризлива билка се користи во духовната и медитативната практика, па зошто да не ја испробате и во вашиот дом? Темјанот ќе ја зголеми енергијата и ќе направи мирна и топла атмосфера.

3. Поправете ги или отстранете ги скршените работи

Долго време планиравте да го поправите скршениот стол, но никогаш не сте наоѓале време за тоа? Или поправете го веднаш, или целосно изнесете го од вашиот дом. Скршените работи привлекуваат негативна енергија и ја задржуваат внатре сѐ додека не направите некоја промена.

4. Освежете го вашиот дом со етерично масло од портокал

Мирисот на портокал потсетува на сончеви зраци и насмевки, па со него не само што ќе го исчисти вашиот дом од негативна енергија, туку исто така ќе си го подобрите и расположението. Растворете неколку капки етерично масло од портокал во вода или пак ставете во освежувачот за вашиот дом.

5. Ослободете се од непотребните работи

Предметите задржуваат многу енергија, при што нам физички, ментално и емоционално ни го попречуваат патот. Покрај тоа, собирањето непотребни работи ве прави уморни и истите предизвикуваат стрес. Затоа, важно е што побргу да се ослободите од натрупаните непотребни предмети кои повеќе не ги користите.

Исчистете го вашиот дом од негативна енергија со помош на овие начини

6. Заштитете го просторот со кристали

Црниот турмалин е познат по тоа што ја разградува негативната енергија и ве штити од неа. Розовиот кварц пак ги заменува негативните чувства со позитивни. Ако сте во можност, држете ги во близина на електронските уреди, со цел нивниот ефект да биде максимален.

7. Обојте ги ѕидовите во жолта боја

Боите играат важна улога во вашиот дом, а жолтата боја ја неутрализира лошата енергија. Освен тоа, ќе имате повеќе топлина, а просторот ќе ви изгледа и поголем.

8. Ставете сол во ќошињата на собите

Ставете малку сол во ќошињата на вашите соби и оставете да стои 48 часа, а потоа отстранете ја. Солта ќе ја акумулира негативната енергија и во вашиот дом повторно ќе завладее позитивна атмосфера.

9. Ставете повеќе огледала

За во вашиот дом да влезе позитивната енергија, поставете повеќе огледала, но избегнувајте ги оние со остри агли. Огледалата не само што ќе донесат повеќе енергија, туку ќе ви помогнат да го прочистите и вашиот ум.

10. Држете се до неутрални бои

Темните бои понекогаш може да изгледаат убаво, но во некои ситуации ви требаат токму спротивните за да создадете опуштена атмосфера. Затоа, кога ќе ги избирате боите за во вашиот дом, настојувајте тие да бидат неутрални, наместо темни кои би предизвикале негативни чувства, а ќе направат и просторот да изгледа помал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар