Интересни идеи за летен маникир

Интересни идеи за летен маникир

Доколку ви требаат идеи за летен маникир, ова се нашите предлози. Од разиграни бои, до пософистициран изглед, и ова лето трендовите нудат за секого по нешто. Неонски бои, полумесечинки, нокти со изглед на сложувалки… Одберете ги вашите омилени!

Интересни идеи за летен маникир

Светкав ефект

Нежен и женствен изглед на вашите нокти кој привлекува внимание

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • лак за основа
  • лак за нокти со нежна розова боја или кремава нијанса по ваш избор
  • сребрен светкав лак
  • проѕирен лак за сјај
Како да го направите:

Може најпрво да нанесете еден слој од лакот за основа во маникирот. Потоа нанесете два слоја од розовиот лак или доколку сте одбрале кремава нијанса, но не претерувајте со нанесување. Доколку нанесете премногу ќе го изгубите ефектот на женственост и ноктите ќе бидат нападни. Оставете ноктите да се исушат. Потоа нанесете од светкавиот лак, и тоа од линијата над кутикулите сè додека не стигнете малку пред средината на ноктот. Не нанесувајте премногу од светкавиот лак бидејќи нема да можете да го отстраните вишокот без да го бришете целосно ноктот. Откако добро ќе се исуши, нанесете и од проѕирниот лак за сјај.

Маникир – сложувалки

Интересен изглед на вашите нокти, кој пред сè делува несекојдневно. За да го направите треба да имате нерви и трпение.

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • лак за нокти во корално црвена боја
  • лак за нокти во кралско сина боја
  • лак со небесно сина боја
  • лак за нокти во бебешки розова боја
  • леплива лента за нокти
  • алатка за декорација на нокти
  • проѕирен лак за сјај
Како да го направите:

Нанесете два тенки слоеви од коралниот лак, оставете ги ноктите да се сушат 3 минути. Ставете две лепливи ленти, едната да биде поставена хоризонтално, а другата вертикално на ноктот (прекрстени, така што ќе остане по една четвртинка од ноктот непокриена). Внимателно залепете ги лентите, во спротивно ќе навлезе воздух и ќе се појават малечки меурчиња од лакот. На секој нокт нанесувајте различна боја, освен од корално црвената. Откако ќе се исушат ноктите, внимателно отстранете ги лентите, ставете еден заштитен слој проѕирен лак и повторете ја постапката уште два пати со останатите бои.

Со алатката за декорација внимателно нанесете крукче од едниот лак врз другиот за да го постигнете ефектот на сложувалка, (пример како на сликата, онаму каде се спојуваат црвената и сината нијанса, нанесете круг од црвената врз сината, од сината врз розовата итн). Откако ќе се подисушат нанесете повторно проѕирен лак за сјај, па оставете да се сушат најмалку 10 минути.

Разигран француски маникир

Интересна верзија на францускиот маникир совршена за во лето

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • проѕирен лак
  • лепливи ленти за маникир
  • неколку различни бои на лакови за нокти, по ваш избор
Како да го направите:

Нанесете еден слој од проѕирниот лак, а откако ќе се исуши залепете ги внимателно лентите откривајќи ги само врвовите на ноктите кои ќе ги излакирате во различни бои по ваш избор. Откако ќе се исушат отстранете ги лентите и нанесете уште еден слој од проѕирниот лак. Проѕирниот лак е совршен завршеток за домашен маникир, бидејќи не само што дава сјај туку и ги покрива несовршеностите.

Неонски маникир

Дречливи бои и нијанси кои се поклопуваат. Совршен за на плажа и за вечерно излегување во лето.

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • лак за основа
  • бел лак
  • две до три нијанси на дречливи лакови по ваш избор
  • селотејп
  • малечко бело сунѓерче
  • проѕирен лак за сјај
Како да го направите:

Проѕирниот лак употребете го како основа и нанесете еден или два слоеви од белиот лак со цел подобро да се истакнат дречливите тонови. На малечко бело сунѓерче нанесете од лаковите, така што нијансите ќе се поклопуваат по рабовите. Околу ноктите нанесете селојтеп за да не се размачкате по кожата од прстите. Сунѓерчето нежно притиснете го врз чиста површина, а потоа врз вашите нокти. Отстранете го селотејпот, оставете ноктите да се исушат и нанесете проѕирен лак за сјај.

Софистициран изглед

За оние кои тежнеат кон посериозен и софистициран маникир. Тоа што во вашиот маникир нема да преовладуваат шарени бои, не значи дека ќе биде здодевен.

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • бел лак за нокти
  • сив лак
  • црн лак
  • проѕирен лак
  • сребрени самолепливи ленти
Како да го направите:

Нанесете бел лак за нокти како основа и почекајте добро да се исуши. Исечете сребрени лепливи линии за нокти, малку пошироки од ширината на вашиот нокт и залепете ги за ноктите на растојание како што е покажано на сликата. Бидејќи првиот пат откако ќе ги залепите ќе треба да ги одлепите, оставете малку да излегуваат од површината на ноктите за полесно да ги отстраните.

Налакирајте го едниот дел со сребрен лак, а другиот со црн. Не мора да внимавате да не ги измачкате лентите бидејќи секако ќе ги отстраните веднаш по лакирањето, но внимавајте да не ја размачкате белата површина. Не чекајте да се исушат сосема ноктите пред да ги отстраните лентите бидејќи ќе добиете груби линии, а може да откорнете и дел од лакот кој ќе биде здрвен за нив. Потоа, откако добро ќе се исуши лакот, нанесете сребрени линии, кои треба да бидат внимателно исечени и залепени за совршено да се совпаѓаат со ноктот. Нанесете проѕирен лак за завршеток.

Полумесечинки

Сличен на популарниот „обратен“ француски маникир. Сами одберете ги вашите омилени нијанси.

Интересни идеи за летен маникир

Потребно:
  • лак за основа
  • самолепливи ленти
  • две нијанси на лак за нокти по ваш избор
  • лак за сјај
Како да го направите:

Нанесете од едниот лак по целата површина, па почекајте да се исуши. Откако целосно ќе се исушат вашите нокти, нанесете внимателно од лентите, заобликувајќи ги врвовите за да го постигнете ефектот на полумесечинки. Уште подобро доколку најдете округли ленти за ваква намена. Нанесете два слоја од другиот лак, по површината над лентата. Отстранете ја лентата и откако ќе се исушат ноктите нанесете проѕирен лак.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Slobodanka Reply

    Навистина добри комбинации. Најмногу ми се допадна Разиграниот француски маникир.

    http://www.top5ives.com/index.php/categories/fashion/98-hot-nail-art-designs-for-this-summer

Остави коментар