Имате чудни соништа? Еве од што може тие да бидат предизвикани!
По долгиот и напорен ден, сѐ што ви треба е да си легнете и добро да се одморите. Но, таков одмор не би добиле доколку се соочувате со чудни соништа. А дали сте знаеле дека постојат неколку работи кои може да придонесат да ви се појават такви соништа? Погледнете што може да ги предизвика…
1. Јадење сирење
Една студија направена од страна на британскиот одбор за сирење, укажува на тоа дека вашиот омилен оброк може да биде виновен за оние чудни соништа што сте ги имале претходната ноќ. Што е уште почудно, видот сирење кое го јадете може да предизвика различни соништа. На пример, ако јадете чедар сирење, поголема е веројатноста да сонувате познати личности, а ако јадете сино сирење може да имате соништа со многу чудни визуелни елементи.
2. Внесување мелатонин
Ова е позната помош за спиење, но тој додаток го зголемува бројот на РЕМ циклусите кои ги имате во текот на ноќта, што може да предизвика исклучително живописни соништа. Обидете се со земање пониска доза па да видите дали ќе забележите одредени промени.
3. Јадење пред да си легнете
Тоа не е само приказна од старите луѓе. Јадењето непосредно пред да одите во кревет ја зголемува температурата на вашето тело и го забрзува метаболизмот, а се зголемува и активноста на вашиот мозок за време на РЕМ фазите. Научниците од Универзитетот во Монтреал велат дека постои директна поврзаност помеѓу тоа колку доцна јадете и кошмарите.
4. Заспивате со вклучен телевизор
Соништата исто така може да бидат предизвикани и од звуци, па затоа, најдобро е да го исклучите телевизорот, компјутерот и телефонот, барем еден час пред да одите на спиење.
5. Стрес
Кога вашиот ум е опседнат со работни и семејни проблеми, голема е веројатноста вашиот мозок да остане активен и додека спиете, што значи дека ќе се зголемат и соништата и кошмарите. Затоа, пред да одите во кревет, настојувајте да земете длабок здив и да се опуштите, па да ги оставите вашите грижи за наредниот ден, затоа што во спротивно ќе имате бурна ноќ.
Доколку пак имате чудни сексуални соништа, погледнете го нивното значење.