Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание - Part 2

Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание

5. Фризура во форма на машна

За дамите кои сакаат да ги импресионираат момчињата на првиот состанок, покажувајќи колку женствено и слатко може да изгледаат, ова е несомнено најдобрата идеја. За да ја подготвите оваа фризура ќе ви бидат потребни десетина минути, а треба да бидете малку прецизни, но секако вреди да одвоите време. Откако ќе научите како да ја направите, ќе посакате да ја носите цело време. Одберете ја и соодветната облека, ставете малку шминка и бидете подготвени за многуте погледи кои ќе ги привлечете!

Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание

6. Ретро бранови

Поканети сте на состанок со ваш познаник кој сака да ве однесе на некои прекрасни места? Ретро брановите се одлични за вас. Во зависност од должината и густината на косата, за нивната подготовка ќе ви бидат потребни од 10 до 20 минути, но во комбинација со малку шминка и црвени усни, вие ќе бидете неодоливи.

Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание

7. Лабаво врзано опавче

Оваа фризура ќе ви одговара доколку вашиот прв состанок е во парк или пак, едноставно сте се одлучиле за романтична прошетка. Овој изглед ќе го постигнете лесно за околу 15-тина минути, а доколку направите и бранови тогаш ќе изгледате многу женствено и привлечно.

Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание

8. Плетенка со цветови во вид на круна

Не постои ништо поженствено од цвеќето, па, зошто да не го искористите и во подготвувањето на фризура за вашиот прв состанок? Оваа плетенка изгледа тешко, но со малку посветено време и вежбање, вие ќе станете експерти за нејзино подготвување. Комбинирајте со вашиот омилен фустан или здолниште и ќе постигнете женствен изглед кој нема да ги остави рамнодушни припадниците на посилниот пол.

Идеи за фризури за првиот состанок, кои ќе го привлечат целото негово внимание

Па, сега барем можете да отфрлите една од вашите „маки“ кои ги имате пред првиот состанок, а за тој да ви биде успешен, дополнително погледнете ги и овие совети кои ќе ви бидат од огромна помош!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар