Храна која ќе ви помогне да се заштитите од сонцето - Part 2

Храна која ќе ви помогне да се заштитите од сонцето

Темно зелен лиснат зеленчук

(4)hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-zashtitite-od-sonceto-kafepauza.mk

Спанаќ, кељ и други темни лиснати зеленчуци се богати со антиоксиданси, особено со каротеноиди. Кога се консумираат, каротеноидите помагаат во спречување на изгорениците од сонцето кои можат да водат до брчки и рак на кожата.

Калинки

(5)hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-zashtitite-od-sonceto-kafepauza.mk

Калинките се богат извор на елагична киселина која ги заштитува клетките на кожата од УВА и УВБ зраците.

Моркови

(6)hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-zashtitite-od-sonceto-kafepauza.mk

Морковите се едни од најдобрите извори на бета-каротен, антиоксиданс кој ја штити кожата, ткивото и клетките од штетата која настанува од прекумерното изложување на сонце. Морковите исто така го забрзуваат лечењето на изгорениците од сонцето.

Зелен чај

(7)hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-zashtitite-od-sonceto-kafepauza.mk

Зелениот чај содржи епигалокатехин галат (EGCG) што е природна хемикалија и го намалува воспалението на кожата и штетата која настанала од сончевите зраци. Одберете безкофеински чај бидејќи кофеинот може да ве дехидрира.

Јагоди

(8)hrana-koja-kje-vi-pomogne-da-se-zashtitite-od-sonceto-kafepauza.mk

Јагодите се богати со антиоксиданси, витамин Ц и содржат танини кои ја намалуваат болката од изгорениците. Едноставно направете пире од јагоди и нанесете го на оштетените места за природно лекување на изгорениците од сонце.

Погледнете ги и овие совети за правилно нанесување на кремата за сончање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар