Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!
5. Поправете ја скршената сенка за очи
Вашата омилена сенка за очи или кој било друг производ во прав од овој тип се скршил или издробил. Немојте да го фрлате! Турете малку медицински алкохол и измешајте со чепкалка за уши сè додека не се создаде паста. Сипете го производот назад со помош на лажица и измазнете го со истата или со прст. Кога алкохолот ќе испари, ќе забележите дека е иста како нова.
6. Вратете ја во живот маскарата, гел ајлајнерот или кремастата сенка за очи
Тоа ќе го постигнете така што ќе додадете неколку капки солен раствор (можете да го најдете во секоја аптека). Оставете го да делува неколку минути, измешајте го производот и ќе забележите дека се вратил во првобитната состојба.
7. Исчистете ги вештачките трепки
Исчистете ги вештачките трепки од лепилото и остатокот од маската така што чешелот за веѓи ќе го намокрите со малку медицински алкохол и потоа нежно ќе ги исчешлате. Ќе бидат како нови, спремни за следното користење.
8. Вратете ја згрутчената маскара во првобитната состојба
Тоа ќе го постигнете така што ќе ја ставите маскарата потопена во врела вода да постои неколку часа.
9. Продолжете го траењето на омилениот сјај за усни
Извадете го гумениот прстен на самиот отвор. Тој служи како дозер за производот. Кога ќе ја извлечете четката од шишенцето тој служи да го отстрани вишокот од производот. Кога скоро сте го потрошиле сјајот, знајте дека околу овој прстен, но и во аглите на шишенцето има доста сјај. Кога ќе го отстраните гумениот прстен, ќе ви биде полесно да дојдете до последниот остаток од својот омилен сјај за усни.
Преминете на последната страница за преостанатите трикови…