Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите - Part 2

Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите

4. Нивните мозоци се преоптоварени

Во главите на родителите има постојана бука. На почетокот е плачење, кое подоцна се претвора во секакви барања на секоја секунда (мамо, прочитај ми приказна за добра ноќ, тато пушти ми ја песната од Бијонсе…), па тоа преоѓа во безброј прашања на кои секогаш, ама секогаш треба да бидете спремни да дадете одговор. Не велиме дека тие барања и прашања не се слатки. Напротив, само родителите би сакале барем некогаш да чујат тишина во своите глави. А кога децата ќе пораснат, разговорите кои ги водат веќе не се толку слатки и прашањата и барањата кои ги имаат стануваат сѐ потешки, па така преоптовареноста на мозокот за родителите не престанува никогаш, сигурно не откако нивното дете ќе порасне.

Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите

5. Понекогаш намерно одлучуваат да седат до 2 наутро

ТВ серија и чаша вино на удобниот кауч звучи како многу добра идеја за одмор. Чувството е скоро исто како да пиете скапи коктели на тропска плажа. Делува смирувачки и подмладувачки. За родителите вреди да жртвуваат дел од своето ноќно спиење со цел да поминат заедничко време во гушкање и одмор, бидејќи во спротивно тоа може да ги чини нивната среќа како брачен пар. Незадоволството во бракот пак, знаеме до каде може да ги одведе работите, така што овие неколку часа навечер што понекогаш ги жртвуваат се многу „поевтин трошок“ од евентуалните трошоци за развод.

6. Тука е и физичкиот замор

Малите рачиња кои постојано посегаат по вас додека вие се трудите да не го испуштите бебето од своите раце се само почеток на приказната. Како детето расте, така станува потешко, а вие треба да го кревате, спуштате, преместување и носите насекаде со себе. Овој физички напор не е како дигање тегови во теретана. Оваа „опрема“ во вашите раце се лизга, се влече, испушта звуци и прави непредвидливи движења во текот на „вежбањето“. Не е изненадување ако завршите со искривен рбет или изместен диск.

Продолжете со читање на наредната страница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар