Есенски модни комбинации за оние што сè уште не се подготвени за панталони - Part 2

Есенски модни комбинации за оние што сè уште не се подготвени за панталони

3. Макси фустан + металик чизми

Дали се сеќавате на мини фустаните со долги ракави од почетокот на текстот? Можете да изберете и макси варијанта и да ја комбинирате со металик чизми. Ќе изгледате прекрасно.

4. Бел мини фустан + црни аксесоари

Белиот мини фустан кој сте го носеле во текот на летото може да ви послужи и во текот на есента и тоа кога ќе го комбинирате со црни аксесоари како што се кожна јакна, темни хулахопки, црни чизми и слично. Веќе ви е познат и доволно јасен тој женски рок стил кој го посакуваме.

5-esenski-modni-kombinacii-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ako-sѐ-ushte-ne-ste-podgotveni-za-pantaloni-www.kafepauza.mk_

5. Плисирано здолниште + широк џемпер

Ова лето сигурно сте го носеле плисираното здолниште во сите комбинации. Немојте да го оставате за наредното лето, бидејќи тоа одлично одговара со тенките, широки џемпери. „Нафрлете“ и неколку омилени аксесоари и подготвени сте за модерна есен.

6-esenski-modni-kombinacii-koi-mozhete-da-gi-ponesete-ako-sѐ-ushte-ne-ste-podgotveni-za-pantaloni-www.kafepauza.mk_

Секогаш можете да експериментирате и да создадете ултра модерна комбинација, а токму во тоа овие комбинации на бои ќе го подобрат вашиот есенски стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар