Егзотично, романтично и мистериозно: Модна инспирација за сите девојки кои обожаваат бохо стил
3. Занимливи силуети
Без разлика за кое парче облека станува збор, обидете се да го изберете она со раскошни, занимливи силуети. Тоа значи ѕвончести ракави и ногавици, карнери, бранови и шлицови. Само да е креативно и разиграно.
4. Бохо аксесоари
За крај, јасно е дека ниту една модна комбинација не е целосна без детаљ кој ќе ја „заокружи“ во целост. Бохо деталите вклучуваат шешири, чанти со реси, масивен накит (прстени, нараквици, чокери и ѓердани) во сребрена, бронзена или златна боја, но и со впечатливи камења, детали од превртена кожа, каиши и појаси. Постојат толку многу детали кои можете да ги вклучите во вашата комбинација за од сосема едноставна да ја претворите во бохо стил.
Откако ќе ја изберете вашата совршена бохо модна комбинација, надополнете ја со една од овие 3 шик бохо фризури за топлото време.