Дознајте ги меѓу првите: 10 трендови кои Пинтерест ги најавува за 2017-та година
6. Брошови и беџови
Брошовите и беџовите станаа вистински моден тренд, особено кога се закачени на фармерките. Колку повеќе, толку подобро. Не мора повеќе да се мислите дали сте претерале со украсите или не.
7. Пијалаци за детоксикација на телото кои можете да ги направите дома
Сакате да пиете здрави пијалаци, но не по високи цени? Пијалаците за детоксикација ќе можете да ги направите сами дома и тоа полесно од кога било.
8. Направете сами ноќно наткасниче
Рачно изработените дизајни едноставно секогаш ќе бидат најдобра идеја. Што можеме да не сакаме кај нив?
9. Самовилски градини
Овие необични минијатурни градини ќе бидат совршен украс кој дури и вашите најмали членови од семејството ќе ги обожаваат.
10. Странични стомачни мускули
На вежбите за цврсти странични стомачни мускули им расте популарноста. Можеби не би било лошо оваа сезона да го намалиме внесувањето на благото, или едноставно да ги зголемиме различните вежби.