Домашни обврски за децата во однос на возраста, создадени според таблицата на Монтесори
Во таблицата на Монтесори се прикажани домашните работи кои се соодветни според возраста на детето. Некои родители ќе се сложат со оваа листа на активности и ќе потврдат дека нивните деца имаат слични задачи. Други родители пак, нема да се сложат со ова и ќе кажат дека подобро е нивното дете да седи и да учи и дека сите други активности ќе ги извршат тие. Сепак, дали ќе можеме да очекуваме дека детето за кое сите активности ги извршувале неговите родители ќе стане самостојно и самоуверено?
Во продолжение прочитајте кои обврски треба да ги задавате на вашето дете во однос на годините со цел да го научите на одговорност и да му помогнете побрзо да се осамостои. Таблицата изгледа вака:
Од 2 до 3 години
- Да ги собере играчките.
- Да ги нареди книгите на полицата.
- Да ги стави валканите алишта во корпата.
- Да го исфрли ѓубрето.
- Да донесе дрва (исцепени).
- Да ја среди својата облека.
- Да ја намети масата за јадење.
- Да донесе пелени и марамчиња.
- Да ја избрише прашината од подните лајсни.
Од 4 до 5 години
- Да ги нахрани домашните миленици.
- Да ги собере играчките.
- Да го избрише истуреното.
- Да го намести креветот.
- Да ја среди својата соба.
- Да ги наводни домашните билки.
- Да го постави приборот за јадење.
- Да приготви сендвич.
- Да користи правосмукалка.
- Да ја среди трпезариската маса.
- Да ги избрише и нареди измиените чинии.
- Да ги дезинфицира кваките на вратите.
Од 6 до 7 години
- Да го собере ѓубрето.
- Да ги намести пешкирите.
- Да го избрише подот.
- Да ја испразни машината за садови.
- Да ги спари чорапите.
- Да ја наводнува градината.
- Да ги собере паднатите лисја.
- Да излупи компир или морков.
- Да направи салата.
- Да ја замени тоалетната хартија.
Од 8 до 9 години
- Да ја наполни машината за садови.
- Да ја промени сијалицата.
- Да ја стави валканата облека во машина за перење.
- Да ја закачи и да ја здипли чистата облека.
- Да ја избрише прашината.
- Да ја измие терасата.
- Да ги среди купените намирници.
- Да измати јајца.
- Да испече колач.
- Да го прошета кучето.
- Да ја исчисти масата.
- Да ја постави масата за јадење.
Од 10 до 11 години
- Да ја исчисти бањата.
- Да ги исчисти теписите.
- Да ја исчисти работната површина.
- Темелно да ја исчисти кујната.
- Да приготвува едноставен оброк.
- Да ја искоси тревата.
- Да ја внесе поштата.
- Да почне со едноставни поправки, како на пример, да зашие копче.
- Да ја исчисти гаражата.
Над 12 години
- Да ги избрише подовите.
- Да ја замени сијалицата.
- Да го измие и исчисти автомобилот.
- Да ја пострижи живата ограда.
- Да го бојадиса ѕидот.
- Да направи список и да ги купи производите.
- Да приготви вечера.
- Да испече леб или торта.
- Да учествува во едноставните куќни поправки.
- Да ги измие прозорците.
- Да ја испегла облеката.
- Да ги чува своите помлади браќа и сестри.
Колку од овие обврски вашите деца извршуваат? Ако сакате да прочитате дополнителни мудрости од Марија Монтесори, дознајте ги и заповедите кои ќе ви помогнат да станете подобар родител.