Дами, овие трикови ќе ви го олеснат животот: 15 генијални трикови за убавина и нега

15 генијални трикови за убавина и нега што ќе ви го олеснат животот

Секоја жена знае колку е тешко секогаш да изгледа совршено негувана, без разлика колку време и труд ќе вложи во тоа. За среќа, постојат трикови што можат да ви го олеснат животот, а ние ги одбравме најкорисните што ќе ви помогнат секогаш да изгледате убаво и негувано, со најмалку труд.

1-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

1. Маскарата ќе ги покрие израстоците на косата

Жените кои ја бојадисуваат својата коса знаат колку лошо изгледа израстокот. Овој проблем ќе можете да го решите со малку маскара. Едноставно нанесете ја на самиот корен на косата и потпораснатите прамени ќе исчезнат.

2-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

2. Направете природни локни без фигаро

Ако сакате брановидна коса со природен изглед, не морате да поседувате посебни фигара за коса. Можете само да ја замотате сувата коса и да ја загреете со фен за коса. Ако имате цврста коса, ќе морате малку подолго да ја држите свиткана.

3-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

3. Моливот е добар за виткана коса

Уште еден корисен трик за вашата коса – ако немате фигаро, замотајте го праменот коса околу моливот и загрејте го со пегла.

4-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

4. Марамчето не дозволува да се создаде електрицитет на косата

Ако на овој начин го ставите марамчето на чешелот, ќе го спречите создавањето електрицитет.

5-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

5. Бебешката пудра ќе ги реши проблемите со мрсната коса

Многу жени имаат проблеми со својата коса, бидејќи таа многу брзо се масти. Малкумина знаат дека овој проблем има доста лесно решение. Вашата коса ќе остане чиста подолго време доколку нанесете пудра во прав на коренот на косата.

6-dami-ovie-trikovi-kje-vi-go-olesnat-zhivotot-15-genijalni-trikovi-za-ubavina-i-nega-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страна за уште неколку фантастични трикови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар