Дали сте доволно паметни за да работите за најголемите светски компании?
Во најголемите светски компании од типот на Гугл, Мајкрософт и Фејсбук работат извонредни работници кои поминуваат низ жесток и внимателен процес на избор. Во интервјуата, кандидатите треба да одговорат на некои необични прашања кои многу зборуваат за нивниот начин на размислување. Ако и вие сте спремни да ги одговорите, тогаш сте спремни за кариера во некоја од нив.1. Зошто шахтите имаат округла форма? Ова прашање прво почнале да го користат во Мајкрософт, а целта е да видат како размислува кандидатот кога е соочен со проблем кој има повеќе можни решенија. На тој начин тие ја покажуваат својата креативност и самодоверба.
2. Во три реченици, објаснете му на вашиот осумгодишен внук што е датотека. Вака Гугл проверува дали апликантот може на едноставен и разбирлив начин да ги доближи производите на компанијата до потрошувачите на кои технологија не им е јака страна.
3. Објаснете ми што се случуваше во земјава во последните десет години. Преку одговорот на ова прашање во Бостон Консалтинг можат да видат на кој начин кандидатот може да ги сумира фактите и да ги пренесе на клиентот. Покрај тоа, може многу да се научи за еден човек кога ќе каже кои настани биле важни во последната декада.
4. Штотуку сте наследиле пицерија од вујко ви. Што ќе правите со неа? Вака Фолксваген проверува што сметаат кандидатите за позицијата бизнис аналитичар дека е клучно за успех во бизнисот. Тие треба да истакнат дали веднаш ќе ја продадат пицеријата, дали ќе го разгледаат финансискиот извештај или ќе направат нешто сосема друго.
5. Што имаат заедничко дрвото и алкохолот? Најголемата компанија за обезбедување во САД, Гардсмарк, ги прашува апликантите што е заедничко за дрвото и алкохолот за да добие претстава како тие ги класифицираат информациите и како ги издвојуваат сомнителните од нив. Покрај тоа, покажуваат и како комуницираат со другите луѓе.6. Како ќе истражите одредена технологија без другите да дознаат дека го правите тоа? Епл секогаш успеваат своите чуда од технологија да ги држи во најголема тајност сè додека самите не ги промовираат. Апликантот што ќе одговори правилно на ова прашање ќе докаже дека може да го стори истото. Покрај тоа, ќе даде слика и за способностите за креативно размислување.
7. Автомат за купување храна, за производ од 75 центи ќе ви земе банкнота од еден долар без да ви врати кусур. Каде е проблемот во системот? Напорното интервју во Епл го содржи и ова прашање, а намерата им е да видат како кандидатот го лоцира проблемот, како ги бара причините кои го создаваат и како прави план за негово надминување.
8. Колку топчиња за голф собира во школски автобус? Никој не знае колкав волумен има автобусот, а топчињата за голф се користат само ако единица мерка. Гугл поставува вакво прашање, не за да го натера апликантот да постави математичка формула, туку за да добие претстава за процесот преку кој што тој ги решава проблемите.
9. Користејќи „поголемо“ и „помало“, кој е минималниот број на обиди да погодиш број помеѓу 1 и 1.000? Одговорот на ова прашање ги покажува математичките вештини и начинот на којшто размислува кандидатот за софтверски инженер во Фејсбук во насока на пронаоѓање решение.
10. Вие сте со големина на молив и сте ставени во блендер кој ќе почне да работи за 60 секунди. Што ќе направите? Голдман Сакс инвестира на пазари на кои многу често се менуваат условите. Нивните вработени постојано наидуваат на проблеми со кои не се соочиле претходно, а ова прашање го става апликантот токму во таква улога. Покрај тоа, проверува како тој пронаоѓа нови невообичаени решенија за тие проблеми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
А одговорите ќе ни ги пишете? =D
Mislis deka da gi znaele odgovorite ke go pisuvale ova na kafe pauza?!?! ne, ke bidele vo Apple ili Google sea 😀