Бидете паметни и економични: 28 начини како да заштедите вода

Бидете паметни и економични: 28 начини како да заштедите вода

Без разлика на тоа што моментално го мислите за овој предизвик, ве уверуваме дека овие чекори до парична заштеда и чување на околината и водата за пиење се едноставни, но и многу забавни. За да заштедите вода во вашето домаќинство, вклучете ги овие работи.

1-bidete-pametni-i-ekonomichni-28-nachini-kako-da-zashtedite-voda-www.kafepauza.mk_

1. Пократко туширање и капење. Со долгото туширање се трошат барем 4 пати повеќе вода отколку туширањето кое трае од 3 до 5 минути.

2. Користење на главата на тушот со послаб млаз вода. Туширањето со ваков туш сигурно не е подеднакво како и со обичниот, но можете да заштедите до 75% повеќе вода, отколку да користите обичен туш.

3. Поставување тоалетна школка со копче за двојно пуштање вода. Ваквиот механизам овозможува да пуштите појак и послаб млаз вода, во зависност од потребата.

4. Додатокот за славината што ја распрскува водата овозможува рамномерна количина на вода, а истовремено користите помалку вода. Исто така, редуцирајте го прскањето за време на миење раце или садови.

5. Пронаоѓање и поправање на цевките кои течат. Една капка по минута прави скоро 200 литри вода во текот на една година. Стегнете ги цевките и пронајдете ги оние кои течат.

6. Поливање цвеќиња со коцки мраз. Коцките мраз се апсорбираат побавно и оневозможуваат дополнително течење на водата од саксијата. Коцките мраз кои ви паднале на подот, секогаш искористете ги за овој трик.

7. Повторно користење на водата. Ако пронајдете чаша со заостаната вода некаде во домот, со неа залејте ја градината или цвеќето. Под лавабото можете да поставите и некој сад во кој ќе ја собирате ваквата вода, а потоа со неа ќе полеавте.

8. Војничко туширање или туширање кое вклучува гасење на водата додека се нанесува сапун.

9. Користење садови додека се бричите. Наместо со водата која тече, бричот измијте го во мала количина вода која сте ја наполниле во некој сад. Водата од садот подоцна можете да ја искористите за полевање на билките.

10. Туширањето заедно со партнерот не бара дополнително објаснување.

4-bidete-pametni-i-ekonomichni-28-nachini-kako-da-zashtedite-voda-www.kafepauza.mk_

11. Поретко туширање. Секој ден не е потребно темелно капење, па измијте ги најбитните делови во мијалникот.

12. Поретко миење на косата. Косата не треба да ја миете секојдневно, особено ако не користите шампони или други производи. Бидете свесни дека колку почесто ја миете косата, отстранувате повеќе хидратантни масла од темето. Потоа, тие побрзо и полесно се насобираат за да го нахранат темето. Од овој маѓепсан круг можете да излезете со намалување на неделното миење на косата. Ако сакате здрава коса, а притоа да ја зачувате околината, применете го овој совет.

13. Користење на цигла во текот на капењето. Без разлика колку необично звучи, овој трик успева. Ставете цигла или шише наполнето со камења (за да остане на дното од кадата). Ќе ви биде потребна помала количина вода за да ја наполните кадата.

14. Фрлајте ги отпадоците во канта, а не во тоалетната школката. Марамчињата, остатокот од храна или помалиот отпад не фрлајте го во школката и не пуштајте вода, туку фрлете го на правилното место.

15. Користете мали чаши додека ги миете забите. Нема потреба водата да тече од славината додека ги миете забите. Наполнете чаша со вода, измијте ги забите, па исплакнете ги со водата од чашата.

16. Мијте го лицето во мијалникот. Ако лицето го миете темелно, користејќи препарати, направете го тоа надвор од времето за туширање. Така нема да потрошите голема количина на вода, што би се случило доколку го миете лицето за време на туширањето.

17. Исклучете ги славините. Немојте никогаш да ја пуштите водата да тече од славината додека ги миете забите, лицето или рацете. Ниту пак, додека се бричите.

18. Намалете ја јачината на славината. Не треба да имате посебен додаток на славината за да го намалите трошењето вода. Едноставно немојте да ја пуштате на најсилно. Дури и најмалото намалување допринесува за штедење.

19. Полнење на машината за садови до крај. Никогаш немојте да ја вклучувате машината за садови доколку не е целосно исполнета со валкани чинии. На тој начин ќе потрошите помалку вода, струја и енергија.

20. Потопување на чиниите со вода. Чистењето на чиниите додека тече вода од славината ќе потроши многу повеќе вода, отколку да ги намокрите. После употребата, чиниите наредете ги во лавабото и наполнете го со вода.

3-bidete-pametni-i-ekonomichni-28-nachini-kako-da-zashtedite-voda-www.kafepauza.mk_

21. Не перете ја облеката често. Ако некое парче облека не е извалкано и можете да го носите уште неколку пати, направете го тоа.

22. Перете некои парчиња облека рачно. Лесните и тенки ткаенини едноставно исперете ги на рака. Ќе заштедите вода и енергија.

23. Користење една чаша за цел ден. Нека секој член од семејството користи своја и само една чаша дневно за сите пијалаци кои ги консумира.

24. Мијте го овошјето и зеленчукот во сад. На овој начин ќе ги отстраните пестицидите поефикасно отколку со вообичаеното кратко миење.

25. Бањање на децата заедно. Тие ќе се забавуваат, а вие ќе заштедите литри и литри вода.

26. Едукација за заштита на водата. Разговарајте со наставничката на вашето дете или со другите наставници за начините на кои тие може да ги поттикнат учениците за паметно користење на водата.

27. Повторно користење на водата за домашните миленици. Кога ќе ја менувате водата на вашиот домашен миленик, старата искористете ја за полевање на цвеќињата.

28. Бидете пример на своите најмили. Децата најдобро учат од примери. Објаснете им што правите и обидете се да им вградите чувство на одговорност кон водата и околината.

А, доколку сакате да заштедите и во други аспекти од вашиот живот, погледнете ги овие златни правила за полесно штедење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар