Безвременски трикови: Постигнете природен и беспрекорен изглед со помош на овие 11 совети

Безвременски трикови: Постигнете природен и беспрекорен изглед со помош на овие 11 совети

На вистинската убавина не ѝ е потребна многу шминка за да биде ценета. Сè што ви е потребно за совршен изглед се неколку трикови кои само ќе го надополнат природното. Дознајте како секогаш да изгледате убаво, без трошење на пари и време за скапи козметички третмани.

1-bezvremeni-trikovi-postignete-priroden-izgled-so-pomosh-na-ovie-11-soveti-www.kafepauza.mk_

1. Подобрете го тенот

За вашата кожа на лицето секогаш да изгледа здраво, користите чај од камилица. Земете една лажичка чај од камилица и прелијте го со врела вода. Потоа, оставете да се свари околу 30-тина минути. Процедете го чајот со помош на цедалка и оставете го да се излади. Пијте го чајот во кратки голтки, секој ден пред појадокот, во текот на 2 недели.

2. Подолги и погусти трепки

Еден од најдобрите начини да ги негувате вашите трепки е со домашна мешавина од масла. Сипете еднаква количина на рицинусово, бадемово, сусамово и чичково масло, а потоа додадете витамини, па ставете ги во стаклена тегла. Откако смесата ќе биде готова, ставете ја на суви трепки, пред да одите на спиење. За видлив ефект ставајте ја смесата 2 недели, секој ден пред спиење.

3. Отстранете ги сувите и оштетени врвови

Кога на вашата коса ѝ е потребна помош, домашната маска е одлично решение. Изматете една жолчка и половина органски јогурт, без адитиви. Додадете една лажичка рицинусово масло, а потоа уште една лажичка кокосово масло. После мешањето, додадете и една лажичка масло од авокадо и јојоба. Целата смеса добро измешајте ја, а потоа маската ставете ја на мокра коса, и облечете најлонска капа. Оставете ја маската да стои на главата околу еден час, па исплакнете ја темелно.

2-bezvremeni-trikovi-postignete-priroden-izgled-so-pomosh-na-ovie-11-soveti-www.kafepauza.mk_

4. Нега на рацете

За да ја направите кожата на рацете мека, земете мала количина крема за раце и измешајте ја со соодветната количина оцет. Ставајте ја добиената смеса во текот на 2 недели, секоја вечер пред спиење.

5. За мазна и сјајна коса

Излупете 1 банана и ставете ја во блендер, па додадете 1 лажичка маслиново масло. Изматете ги состојките, па додадете 2 лажички мед и една лажичка органски јогурт. Мешајте додека не добиете смеса слична како паста. Нанесете ја маската на мокра коса, а одозгора ставете најлонска капа. После половина час, темелно измијте ја косата. Фантастичните резултати се гарантирани.

6. Отстранете ја кожата која се лупи

Сокот од алое вера е одличен за отстранување и смирување на сите иритации на кожата. За да го припремите лосионот, ќе ви бидат потребни 100 грама сок од алое вера. Додадете 3 лажички зовриена вода и 3 лажички алкохол. Измешајте добро. Добиената смеса ставајте ја на лицето и вратот секојдневно. Оставете ја да дејствува околу 10 минути, па потоа измијте ја. После третманот, нанесете крема на иритираните делови од кожата.

3-bezvremeni-trikovi-postignete-priroden-izgled-so-pomosh-na-ovie-11-soveti-www.kafepauza.mk_

7. За јакнење и избелување на ноктите

За вашите нокти да изгледаат здраво и убаво, сè што треба да направите е да ги ставите прстите во лимонов сок. Исечете го лимонот на пола, а во секоја половина ставете ги прстите. За најдобри резултати, држете ги прстите во сокот околу 15 минути.

8. Изборете се со испуканите усни

Измешајте еднаква количина на сок од морков и павлака, па таа смеса ставете ја на усните и оставете ја да делува неколку минути. Измијте ги усните со млака вода.

9. Избелување на забите

Издробете неколку таблети со активен јаглен, па измијте ги забите со добиениот прав. Наш совет е за овој третман да користите друга четка за заби.

4-bezvremeni-trikovi-postignete-priroden-izgled-so-pomosh-na-ovie-11-soveti-www.kafepauza.mk_

10. Отстранете ги темните кругови под очите

Потопите два кружни, памучни тупфери во чаша со ладно млеко, а потоа ставете ги под очите.

11. За поубава фризура

Електрицитетот може да го наруши изгледот на фризурата што сте ја направиле. За да го отстраните, измијте ги рацете со минерална вода, а потоа премините со прстите преку фризурата.

5-bezvremeni-trikovi-postignete-priroden-izgled-so-pomosh-na-ovie-11-soveti-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар