Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените - Part 2

Без розова и црвена боја: 6 необични модни комбинации за Денот на вљубените

2. Романтичниот изглед не подразбира да понесете нешто розово, бидејќи таквиот изглед се постигнува и со многу други бои. Неутралните нијанси се одлични кога сакате да постигнете нежен, романтичен ефект, па тоа може да биде вашиот избор кога е во прашање овој празник на љубовта. Секако, секогаш е одличен начин целата комбинација да се надополни со некој цветен принт, кој само ќе придонесе за целиот впечаток.

3-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_ 4-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_

3. Но, дали е потребно на овој ден да бидете романтични и нежни? Секако дека не, бидејќи сепак вашиот партнер најдобро ќе го изненадите и израдувате во една предизвикувачка модна комбинација која ќе ги загрее страстите и ќе го разгори огнот помеѓу вас. Малку свила во облик на сведен фустан, кој иако е едноставен, ќе успее да ја истакне целата ваша сексапилност и ќе овозможи овој ден да биде совршено поминат. Можете да вклучите и малку црвена боја, како на пример, огнено црвен кармин на вашите усни.

6-bez-rozova-i-crvena-boja-6-modni-kombinacii-za-denot-na-vljubenite-koi-ne-se-stereotipni-www.kafepauza.mk_

На следната страница погледнете ги последните модни предлози кои ќе ви помогнат да смислите модерна комбинација за Денот на вљубените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар