Апликации, везови и искинати ногавици: Водечки тексас трендови за оваа година - Part 2

Апликации, везови и искинати ногавици: Водечки тексас трендови за оваа година

5. Кошула-фустан

Тексас кошулата беше голем хит во текот на минатата година, но овој пат малку ќе го прошириме овој тренд и ќе добиеме совршен лелеав фустан кој е одличен за дневни, лежерни прилики. Младешки, слободно, хипи… Совршено за сезоната прелет/лето.

5-aplikacii-vezovi-i-iskinati-nogavici-vodechki-teksas-trendovi-za-ovaa-godina-www,kafepuza.mk_

6. Голема и широка јакна

Инвестицијата која секако вреди да се направи е токму онаа која вклучува тексас јакна. А доколку сакате да бидете во тренд оваа година, одлучете се за широките модели кои можат да бидат украсени со апликации, а може да бидат и искинати и придружете им се на вашите омилени модни блогерки.

6-aplikacii-vezovi-i-iskinati-nogavici-vodechki-teksas-trendovi-za-ovaa-godina-www,kafepuza.mk_

7. Подвиткани ногавици

Ако не сакате да ги скратите долгите ногавици, тогаш можете едноставно да ги подвиткате и на тој начин да заследите уште еден тексас тренд кој ќе владее оваа година. Можеби некогаш ова било малку смешно, но денес на тоа гледаме сосема поразлично. Денес, повеќе од кога било, владее огромна слобода во облекувањето.

7-aplikacii-vezovi-i-iskinati-nogavici-vodechki-teksas-trendovi-za-ovaa-godina-www,kafepuza.mk_

8. Тексас чанта

Тексас обувки + тексас чанта = совршена комбинација. Никако не треба да помислите дека тексасот можете да го носите само во облик на кошули, јакни, фустани и слично. Тексас аксесоарите се исто така посакувани за оригинален и занимлив изглед.

8-aplikacii-vezovi-i-iskinati-nogavici-vodechki-teksas-trendovi-za-ovaa-godina-www,kafepuza.mk_

9. Вез

Доколку не изберете апликации, тогаш изберете вез! Оваа пролет заблескајте во фармерките кои се ретро, а сепак толку модерни и украсени со интересен вез, во облик на цветови или во некоја друга форма. Нека вашите фармерки ја „носат“ целата комбинација, а остатокот од облеката одржувајте го сведен.

9-aplikacii-vezovi-i-iskinati-nogavici-vodechki-teksas-trendovi-za-ovaa-godina-www,kafepuza.mk_

Доколку не сте големи љубители на тексасот, секогаш можете да испробате некој друг моден тренд од сезоната пролет/лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар