Ајде да се храниме здраво: Најздравите овошја и зеленчуци кои се достапни во ноември - Part 2

Ајде да се храниме здраво: Најздравите овошја и зеленчуци кои се достапни во ноември

ЗЕЛЕНЧУЦИ

1. Артичока

Содржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на ниацин, магнезиум, фосфор и бакар, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, К, фолна киселина и манган.

2. Цвекло

Цвеклото содржи малку заситени масти и холестерол. Тоа е добар извор на витамин Ц, железо и магнезиум, а одличен извор на диетални хранливи влакна, фолна киселина, калиум и манган. Цвеклото е одлично за подготовка на напивки, а најдобар вкус има во комбинација со шумско овошје.

3. Брокула

Брокулата без сомнение припаѓа во најздравите намирници на светот. Содржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на протеини, витамин Е, тијамин, рибофлавини, витамин А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган.

5-ajde-da-se-hranime-zdravo-najzdravi-namirnici-vo-tekot-na-noemvri-www.kafepauza.mk_

4. Зелка

Содржи малку заситени масти и холестерол. Таа е добар извор на тијамин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина и манган.

5. Морков

Содржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на тијамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина и манган, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин А, Ц, К и калиум.

6. Прокељ

Содржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на тијамин, рибофлавини, железо, магнезиум, фосфор и бакар. Тој е одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин А, Ц, К, Б6, фолна киселина, калиум и манган. Прокељот има малку необичен, горчлив вкус, но тоа не значи дека не можете да уживате во него.

6-ajde-da-se-hranime-zdravo-najzdravi-namirnici-vo-tekot-na-noemvri-www.kafepauza.mk_

7. Копар

Содржи малку холестерол. Тој е добар извор на ниацин, калциум, железо, магнезиум, фосфор и бакар, а одличен извор на диетални хранливи влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум и манган.

8. Карфиол

Содржи малку заситени масти и холестерол. Тој е добар извор на протеини, тијамин, рибофлавин, ниацин, магнезиум и фосфор, а одличен извор на диетални влакна, витамин Ц, К, Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, калиум и манган. Карфиолот има благ вкус, па одлично се согласува со скоро сите видови месо.

Погледнете кои намирници не дебелеат и можете да ги јадете во огромни количини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар