9 знаци кои укажуваат на тоа дека сте под преголем стрес
Понекогаш, сѐ додека не се прелие чашата, не знаеме да сопреме за да ги забележиме знаците на замор, стрес, нервоза, висок притисок и немоќ. Способни сме да туркаме напред сѐ до оној момент кога веќе ни психички ни физички не можеме да поднесеме. Премногу обврски, премногу желби, големи амбиции. Сето тоа ни носи огромно количество на стрес во животот, па наместо убави моменти, ние живееме нервозни и постојано под стрес.
Следниве 9 знаци укажуваат на тоа дека нивото на стрес во вашиот живот е прилично високо, па е време да застанете и здивнете на момент.
1. Сакате да останете во кревет засекогаш
Кога се телото и умот истоштени, останувањето во кревет е секогаш добра идеја. Постојано ви се спие, па дури и кога станувате наутро, вие порадо би ги затвориле очите и би продолжиле да уживате во топлината на вашиот кревет отколку да се соочите со денот кој е пред вас. Тоа е бидејќи потсвесно чувствувате дека ве очекуваат повеќе стресни ситуации за кои вие и така веќе немате доволно енергија.
2. Постојано чувствувате замор
Дури и кога ќе отспиете добри 8-9 часа, вие се будите заморни и без енергија. Покрај желбата за нестанување од кревет, вашето тело навистина и не ни има енергија за тоа. Тоа е сѐ поради стресот кој го чувствувате, па иако мислите дека додека спиете се одмарате, вие всушност цела вечер се превртувате во кревет. Вашиот ум е оптоварен со сето она кое ви предизвикува стрес, па дури и кога спиете, умот размислува на тоа.
3. Често се разболувате
Кога е организмот под стрес, неговиот имунолошки систем може да опадне за дури 30 проценти. Тоа значи дека сте 30 пати повеќе изложени на разни болести, бактерии, вируси и сл. Веројатноста дека ќе се разболите станува многу поголема, па најверојатно и ќе се разболите повеќе од еднаш тој период. Ова укажува дека можеби е време малку да застанете.
4. Заборавате повеќе од кога било
Стресот функционира така што целосно го напаѓа вашиот мозок. Во мали количини може да влијае позитивно (на пр. ако сте студент и пред вас е полагање на важен испит, решението на проблемот со кој сте се мачеле цел ден може да ви дојде токму на сон), но во поголеми количини влијае така што ви ги мати мислите, сеќавањата и рационалното размислување, па заборавате и не ви текнуваат ни најосновните работи (на пр. тоа ви се случувало во текот на денот кога не сте можеле никако да го најдете решението). Ова се однесува и на секојдневни вообичаени работи, како што е заборавање каде сте ги ставиле клучевите од кола и сл.
5. Мислите дека главата ќе ви експлодира во секој момент
Чувствувате напнатост насекаде по телото и мислите дека сѐ ви се собира во главата која како да ќе експлодира во секој момент. Тоа е бидејќи целата тензија која ја чувствувате по телото патува нагоре по задниот дел на вратот, предизвикувајќи подувување на крвните садови кои потоа притискаат на мозочното ткиво. Таа напнатост низ телото постои поради стресот кој го чувствувате и тоа во големи количини. И гласно и јасно кажува дека конечно треба да се опуштите малку.
6. Немате силно изразена желба за секс
Кога постојано сте во трчање и со нервози, на крајот од денот само сакате да легнете и да заборавите на сѐ. Тоа значи дека кој и да ве чека дома, ќе мора да почека додека да се ослободите од тоа што ви предизвикува стрес за да добие сексуално внимание од вас. Стресот ја уништува желбата за секс, но доколку работите на техники за негово намалување, наскоро ќе видите дека желбата и потребата за сексуално задоволство повторно ќе бидат дел од вашиот живот.
7. Се наоѓате во емоционален хаос
Човек кој е под стрес е подложен на брзи и лесно поттикнати, различни емоционални состојби. Ова значи дека лесно преоѓа од расположен во нервозен, во тажен, па повторно во среќен и сл. Тој човек може да биде најзабавната и најнежната личност во еден момент, а потоа да избувне за најмала ситница во следниот. Сето ова е вина на стресот кој влијае така што му ја препушта контролата врз емоциите на примитивниот дел од мозокот, а оној дел со кој можете да предвидите како работите ќе излезат на крај е надвор од контрола. На крајот, тој човек се наоѓа себеси како реагира на база на својот инстинкт, наместо на негова комбинација со рационалното размислување.
8. Чувствувате како сѐ да ви се превртува во стомак
Го знаете она чувство на неудобност и стегање во стомакот пропратено со мачнина и нагони за повраќање? Е тоа е чувството кое го имате кога се наоѓате под стрес. Експертите стомакот го нарекуваат мини мозок на човекот бидејќи е дом на многу невротрансмитери. Тоа значи дека стресот неминовно влијае на она што ви се случува во стомакот, односно и на исхраната, апетитот, болките и чувството како сѐ да ви се превртува внатре.
9. Добивате напади на паника
Нападите на паника може да се интерпретираат на различни начини, но во глобала сите се сведуваат на една важна работа: не можете да дишете. Кога имате чувство дека нешто не можете или нема да стигнете да направите на време, а кога притоа сте веќе под големо влијание на стрес, почнувате тешко да дишете, срцето ви чука забрзано, а низ глава ви поминуваат триста ситуации кои ви кажуваат дека сите ваши цели и амбиции се далеку од возможни. И чувствувате дека не можете да дишете, па не можете да ги задржите солзите додека мислите дека целиот ваш свет се руши пред вашите очи. Нападите на паника може да бидат многу опасни, па затоа како такви не треба воопшто да ги занемарувате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.