9 совети за совршена холивудска насмевка

9 совети за совршена холивудска насмевка

Многу луѓе сонуваат за здрави и прекрасни заби, но малкумина се подготвени да се обидат со хемиско белеење. За среќа, постојат неколку процедури кои можете самите да ги изведете дома, а кои нема да ја оштетат глеѓта на забите ниту ќе предизвикаат каква било друга штета. Секако дека овие трикови не треба да послужат како замена за редовните посети на заболекарот. Но, доколку секојдневно ги следите, ќе забележите дека вашите заби ќе станат посветли за неколку нијанси, а непцата ќе станат поздрави. Прочитајте за што станува збор…

1. Паста за белеење на заби која можете да ја направите сами

9 совети за совршена холивудска насмевка

Измешајте една лажичка куркума со истата количина на чисто кокосово масло и 2-3 капки масло од нане. Употребувајте ја оваа смеса исто како обичната паста за заби. Таа е добра за глеѓта, ќе ги обелее забите и ќе го освежи вашиот здив.

2. Масло од чајно дрво – Мелалеука

9 совети за совршена холивудска насмевка

Доколку растворите 5 капки од 100-процентно масло од чајно дрво во половина чаша вода и ја плакнете усната празнина со течноста секој ден по четкањето заби, ќе видите резултати за само неколку недели. За да постигнете уште поневеројатен ефект, мијте ги забите дополнително со една капка од маслото еднаш или два пати неделно, но не правете го тоа премногу често.

3. Паста од јагода

9 совети за совршена холивудска насмевка

Земете свежа јагода и смачкајте ја со лажица. Измешајте ја со најдобрата морска сол што можете да ја најдете, ставете ја добиената паста на четка за заби и нежно масирајте ги забите неколку минути. Потоа целосно исплакнете ја усната празнина. За да ја заштитите глеѓта на забите, не правете го ова почесто од еднаш на секои две недели.

4. Кокосово масло

9 совети за совршена холивудска насмевка

Ставете малку од маслото на забите пред да ги миете и оставете го да отстои 15-20 минути, потоа внимателно исчеткајте ги забите со вашата обична паста. Повторете го ова 2 до 3 пати неделно.

5. Маска од јаглен

9 совети за совршена холивудска насмевка

Истолчениот јаглен измешајте го со вода за да добиете кремаста смеса и потоа внимателно нанесете ја на забите. Оставете го да отстои 2 минути и потоа внимателно исплакнете ја усната празнина. Потоа, измијте ги забите. Повторете го ова еднаш или два пати неделно.

6. Белеење со лушпа од банана

9 совети за совршена холивудска насмевка

Лушпата од банана содржи супстанции кои го разградуваат забниот камен и помагаат при одржувањето на совршената боја на забите. Истријте ги забите од двете страни со внатрешноста на лушпата и почекајте 5-7 минути. Потоа измијте ги забите и исплакнете ја устата. Повторувајте го ова колку сакате.

7. Плакнење на устата со помош на лимон

9 совети за совршена холивудска насмевка

Со помош на следнава смеса, вашите заби постепено ќе обелуваат и вашиот здив секогаш ќе биде пријатен и свеж. Во зависност од тоа колкава количина сакате да направите можете да ставите колку сакате лимони и сол со тоа што нивниот однос треба да биде 3:1, односно треба да има 3 пати повеќе лимон отколку сол. Потоа измешајте ги состојките и плакнете ја устата со растворот откако ќе ги измиете забите. Употребувајте го овој метод 2 или 3 пати неделно. Внимавајте: Не го употребувајте овој раствор доколку имате воспаленија во усната празнина.

8. Ливчиња од босилек

9 совети за совршена холивудска насмевка

Сомелете свежи ливчиња од босилек и направете паста која ќе ја користите наместо вашата обична паста за заби. На тој начин вашите заби ќе станат побели и поздрави. Оваа паста можете да ја нанесувате и 5-10 минути пред вообичаеното миење заби.

9. Алое вера

9 совети за совршена холивудска насмевка

За да добиете вистинска холивудска насмевка, користете свеж сок од алое вера или набавете природен гел направен од ова растение. Ставете од него малку на вашите заби, масирајте ги со четката и потоа добро исплакнете. Можете да го правите ова по секое миење на забите и по неколку недели вашата насмевка ќе биде блескаво бела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар