9 причини поради кои братучедите ви се добри другари

9 причини поради кои братучедите ви се добри другари

Братучедите се првите другари во вашиот живот и ги задржувате засекогаш. Еве десет причини поради кои е тоа така.

9 причини поради кои братучедите ви се добри другари

1. Имате многу поминато заедно

Како што растете така сè помалку се гледате со нив, но постојано има за што да се разговара затоа што доста време сте поминале заедно. Ако не за друго, спомените од заедничките лета и семејните дружби секогаш се добра тема за разговор.

2. Ги знаат вашите лоши моменти од животот

Нема од што да се срамите пред нив, тие знаат сè за вас, вклучувајќи ги и срамните моменти од вашето минато. Ве прифаќаат и ве сакаат и покрај тоа, а тие моменти ви служат само за шегување.

3. Не заморуваат со непријатни прашања

Додека чичко ви и тетка ви ве заморуваат со секакви прашања поврзани со училиштето, работата и пред сè момчето/девојката додека уживате во ручекот на баба ви, братучедите не ве заморуваат со тоа. Тие не си го пикаат носот во вашиот живот преку црвената линија иако вие сте спремни да споделите многу нешта со нив.

4. Имате неколку шеги кои ги разбирате само вие

Само вие ги разбирате шегите за начинот на кој зборува баба ви или за начинот на кој се облекува вујко ви. Честопати се смеете додека сите други се чудат која е причината за тоа.

9 причини поради кои братучедите ви се добри другари

5. Семејните дружби се поинтересни со нив

Има шеги кои само вие ги разбирате, не ве заморуваат со прашања на кои не сакате да одговарате и уште можете да се повлечете заедно со нив во некое ќоше и да си разговарате за тоа што вие сакате. Тие се главната причина поради која ги сакате семејните дружења.

6. Нема непријатна тишина со нив

Секогаш има за што да зборувате, но дури и да си молчите тоа не е неподносливо како со некои други луѓе затоа што ви се многу блиски.

7. Ви даваат совети за спротивниот пол

Повозрасните братучеди ви се на располагање кога ви треба совет во врска со спротивниот пол. Другарите обично се од истиот пол како вас, па затоа братучедите се вистинско богатство.

8. Не мора да ги импресионирате

Крвта не е вода и засекогаш ќе останете братучеди, па затоа го нема притисокот да ги импресионирате за да ги задржите покрај себе како што е тоа случај со други луѓе. Со нив можете да си бидете сосема природни.

9. Никогаш нема да ве напуштат

Ако со некој/а другар/ка не се видите подолго време, врската меѓу вас почнува да бледее. Со братучедите е поинаку. Колку време и да не сте се виделе, можете да продолжите онаму каде што сте застанале минатиот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар