9 креативни начини да ја користите вашата пегла за коса - Part 2

9 креативни начини да ја користите вашата пегла за коса

5. Ситни кадрици од плетенки

Исплетете неколку прамени од горниот дел на вашата коса, така што ќе оставите неколку сантиметри од коренот на косата да не бидат исплетени. Ставете малку лак за коса и оставете да се исуши. Потоа, поминете цврсто со пеглата, движејќи се нагоре-надолу неколку пати, па оставате да се олади. Отплетете ги сите прамени и поминете со прстите низ нив.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

6. Локни во коњско опавче

Разделете ја косата на средината или на долната страна, па потоа исправете ја како во првата прикажана фризура. Навалете ја главата наназад и исчешлајте ја косата така што ќе ја соберете во коњско опавче. Изберете случајни делови од косата и извиткајте ги во различни насоки.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

7. Бранови за кратка фризура

Косата, која треба да ви биде права, поделете ја на прамени и започнете од близина на коренот, каде што секој прамен ќе го направите во форма Ѕ и ќе го притискате со пеглата. Завршете така што краевите ќе ви бидат свиткани, за да добиете совршени бранови. Нежно поминете со четка за коса и ќе добиете прекрасен изглед.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

8. Неуредни кадрици

Земете неколку случајно избрани големи прамени и ставете ги во пеглата за коса во линија на окото, така што ќе ја држите под агол од 45 степени. Кога ќе биде затегната косата, свртете ја пеглата на 180 степени и оставете ја така една секунда, спуштете се околу 5 сантиметри и свртете 180 степени на спротивната страна, повторно останувајќи така една секунда. Повторете ја постапката на целата коса, оставајќи ги краевите да имаат бушав изглед.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса

9. Нежни ретро локни

Земете поголеми делови со големина колкава што сакате да бидат вашите локни. Намотајте ја косата околу два прста од краевите до врвот. Навиткајте ја косата и потоа затегнете ја со шнола за да се олади. Повторувајте ја постапката со останатите прамени. Потоа отстранете ги шнолите и поминете низ косата со вашите прсти.

9 паметни начини да ја користите вашата пегла за коса


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар