8 загрижувачки причини за опаѓање на косата кај жените - Part 2

8 загрижувачки причини за опаѓање на косата кај жените

Причина број 4: Нарушување на кубење на косата

6-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

За разлика од горенаведените причини, кубењето на косата е психичка, а не физичка состојба. Според клиниката Мајо, ова состојба наречена трихотиломанија, а се карактеризира со неодолива потреба за кубење на сопствената коса. Стресот, анксиозноста и опсесивно-комплусивните нарушувања се најчестите причини за оваа состојба. Психотерапијата со разговор и лекови може да помогне при совладувањето на овој проблем.

Причина број 5: Хормонални промени

7-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Без разлика дали сте бремени, земате контрацепциони лекови или минувате низ менопауза, хормоналните промени ја преземаат контролата над вашето тело. Шокот заради драматичните хормонални промени може да доведе до проретчување и губење на косата.

Причина број 6: Физички или емотивен шок

8-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Минувањето низ трауматично искуство влијае врз вашето тело повеќе отколку што мислите. Американското здружение за губењето на косата објаснува дека исклучителното емотивно или физичко искуство, како што се породувањето, комплицираната операција, губењето на драга личност или кој било друг облик на екстремен емотивен стрес може да доведе до губење на косата. За среќа, ова честопати е привремена состојба и косата на крајот почнува повторно да расте.

Причина број 7: Обликување на косата и третмани

9-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Понекогаш, да се биде девојка значи многу потрошено време за средување на косата. Во врска со тоа, сите обликувања на косата водат до нејзино кубење, претерана употреба на фен, преса или фигаро, како и користење на интензивни препарати. Затоа обликувањето на косата оставете го само за некои специјални прилики.

Причина број 8: Лекови

10-8-zagrizhuvachki-prichini-za-zhenskata-kjelavost-za-koi-ne-ste-voopshto-svesni-www.kafepauza.mk_

Сигурно сте свесни за сите непосакувани ефекти на лековите кои ги земате. Меѓутоа, луѓето често веруваат дека ја губат коата заради генетиката, а не заради лековите кои ги земаат. Некои од овие лекови вклучуваат разредувачи на крв, лекови за епилептични напади, лекови против воспаленија, антидепресиви, па дури и контрацепциони лекови. Ако сте забележале дека вашата коса опаѓа, прочитајте го упатството на лековите уште еднаш за да се осигурите дали тие се вистинските виновници.

Доколку веќе се соочувате со овој проблем, погледнете ги овие природни лекови против опаѓање на косата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар