8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање - Part 2

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

5. Не оставајте тегови насекаде

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Во детството исто така нѐ учеа дека не треба да ги оставаме играчките насекаде. Истото правило важи и за салата за вежбање. Секогаш враќајте ги теговите на нивното место. Ако ги оставате на подот, некој може да се сопне и да се повреди.

6. Не им вршете притисок на другите луѓе што вежбаат

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Некултурно е да се користи истата справа 60 минути, но исто толку некултурно е и да стоите со вкрстени раце пред човек што вежба и да му праќате нетрпеливи погледи со кои сакате да му порачате да побрза.

7. Не доцнете

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Немојте да доцните на часовите, без разлика дали станува збор за групен час по пилатес или индивидуален тренинг. Вашето доцнење може да го одвлече вниманието на инструкторите и другите членови на групата. Ако веќе сте задоцниле, барем обидете се да влезете што е можно понезабележливо за да не го прекинувате часот.

8. Соблекувалната не е ваш личен тоалет

8 работи што никогаш не смеете да ги правите во салата за вежбање

Секогаш има барем една личност која парадира гола низ соблекувалната поради што на останатите им е непријатно. А има и такви кои со часови се тушираат и оставаат поплава зад себе во тоалетот. Колку и да се чувствувате пријатно во своја кожа, не заборавајте дека на некои им е непријатно кога ќе видат голи луѓе во јавност. Почитувајте ги другите, нивното време и приватност. Имајте на ум дека соблекувалната не е ваш личен тоалет и секогаш чистете си го нередот што ќе го направите.

Доколку сте редовни посетители на теретаната, сигурно ќе ве интересира колку бактерии има во салата за вежбање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар