8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите - Part 2

8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

5. Макси фустан + Сандали со високи потпетици

(5) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Оставете голем впечаток со оваа женствена комбинација. Неутралните бои ќе направат да изгледате нежно на фотографиите, а доколку сакате повпечатлив изглед, додајте некоја интересна алка.

6. Долг елек + Кошула со копчиња + Тесни фармерки + Впечатливи штикли

(6) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Ова е одлична комбинација за сите ниски девојки! Силуетата што ја создава долгиот елек ќе направи да изгледате повисоко на фотографиите, додека пак впечатливите штикли ќе го одвлечат целото внимание од вашата ситна градба и ќе ви додадат висина на целосниот изглед.

7. Широк џемпер + Миди здолниште + Салонки со боја на кожа

(7) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Никогаш не можете да згрешите со здолниште во форма на буквата А, кое го намалува вашиот струк и помага при истакнување на фигурата како песочен часовник. Пастелните бои на оваа комбинација создаваат еден вид монохроматски изглед што ќе ве издвои од останатите.

8. Бела маичка + Црни тесни фармерки + Разнобојни штикли

(8) 8 фотогенични модни комбинации во кои ќе се заљубите

Ако треба да одберете само една модна комбинација што би ја носеле до крајот на животот, дефинитивно треба да биде оваа! Црните фармерки секогаш истенчуваат, додека пак белата маичка е одличен додаток за фотосесија, бидејќи ги одржува нештата едноставни. Нека комбинацијата биде едноставна во однос на нијансите, но одберете впечатлива боја за вашите штикли.

Погледнете го и овој хит моден тренд за годинава: Кажете му „ДА“ на длабокото деколте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар