8 едноставни трикови кои можеби ќе ви го спасат животот еден ден
5. Кога сте во авион, избројте колку редови има до излезот во случај на опасност
Откако ќе си седнете, избројте колку редови има од вас до најблискиот излез во случај на опасност. Запамтете го бројот.
Зошто е ова важно? Ако има чад, можеби нема да го видите светлото што се пали во случај на опасност за да стигнете до излезот. Но, доколку го знаете точниот број на редови помеѓу вашето седиште и излезот, ќе можете да се придвижите кон него со броење на седиштата.
6. Зацврстете ги вашите рачни зглобови
Доколку некогаш сте се кревале на шипка, сигурно сте забележале дека рачните зглобови најбрзо се заморуваат. Правете вежби за рачните зглобови секој ден.
Зошто е ова важно? Постојат многу опасни ситуации во кои можеби ќе треба да се држите на тесен издаден дел. Цврстиот фат и истренираните мускули на рачните зглобови ќе ви помогнат да се задржите и да останете безбедни колку што е потребно.
7. Подигнете ја главата и одете бавно
Луѓето инстинктивно ја спуштаат главата и го забрзуваат чекорот кога ќе почувствуваат опасност. Меѓутоа, треба да го направите токму спротивното. Самоуверено подигнете ја главата и одете побавно.
Зошто е ова важно? Кога почнувате да го следите вашиот основен инстинкт, станувате плен. Без разлика дали се работи за човек или животно, забавете го одот, подигнете ја главата и фрлете поглед отстрана за да видите дали ви се заканува опасност со помош на периферниот вид.
8. Бегство од автомобил што тоне
За да излезете од автомобил што тоне, најважно е прво да го извадите појасот. Потоа, наместо да ја отворите вратата, отворете го прозорецот. Ако не можете да го отворите прозорецот, скршете го стаклото со посебен алат или тежок предмет.
Зошто е ова важно? Ќе имате само една минута за да избегате што значи дека ќе изгубите време доколку се обидувате да ја отворите вратата која ќе биде заглавена поради притисокот на водата.
Во продолжение, прочитајте ги овие 12 совети за безбедност на жените кои патуваат сами.