8 безвременски совети за убавина од прекрасната Џеки Кенеди
Поранешната прва дама на Америка, Џеки Кенеди, со причина важи за една од најголемите модни икони. Таа успевала да направи чуда благодарение на некои едноставни трикови кои ќе можете да ги примените и вие самите. Прочитајте ги нејзините 8 безвременски совети за убавина…
1. Џеки ја чистела кожата со сапун направен од калта на Мртво море. Производите кои содржат екстракти од Мртво море се познати по високата концентрација минерали како што се калциум, калиум и магнезиум. Тие добро ја прочистуваат кожата и го смируваат црвенилото.
2. Сензуалниот парфем бил нејзин заштитен знак. Џеки Кенеди секојдневно го носела парфемот Lovely Patchouli 55 од луксузната парфимерија на Криглер. Тој ги содржел миризливите ноти на пачули, бергамот и кожа.
3. Перфекционистката Џеки многу добро знаела какво влијание имаат совршено средените веѓи на целосниот изглед. Внимавајте вашите веѓи секогаш да бидат добро обликувани, а по потреба „пополнете ги“ со специјални моливчиња.
4. Џеки никогаш не ги комплицирала работите и затоа се смета за модна кралица. Ако косата ви е разбушавена од ветрот, замотајте ја главата со луксузна свилена марама. Ако сакате набрзина да ги скриете подочниците, ставете големи и елегантни очила за сонце.
5. Џеки Кенеди многу внимавала на изгледот, но не можела да се одвикне од пушењето цигари. Цигарите освен што се штетни за здравјето, имаат и лошо влијание на кожата. Поради тоа, таа користела суперхидратантни креми со чија помош ја одржувала свежината на лицето.
6. Џеки обожавала да се сонча, поради што имала нарушена пигментација на кожата. Неправилностите на лицето ги покривала со пудрата Elizabeth Arden Flawless Finish Foundation за изедначен тен.
7. Обожавала кармини со силни бои кои ги усогласувала со црвени и розови нијанси на облеката. Не плашете се од силните бои и блеснете во црвено!
8. Џеки Кенеди поминувала многу време на сонце и затоа многу требала да внимава и на косата. Питер Ламас, фризерот и стилистот на Џеки, ја советувал да ги заштити врвовите на косата со масло. Денес маслата за коса се многу популарни и дефинитивно треба да влезат и во вашите секојдневни рутини за нега и убавина.
Прочитајте ги и овие одлични совети за убавина од Адријана Лима.