7 лесни начини за донесување тешки одлуки
Дали некогаш посакувате да постоеше лесен начин за донесување тешки одлуки? Постојат некои работи кои можете да ги направите за полесно да донесете некоја одлука. Донесувањето одлуки е тежок процес и за да не се покаете и да не згрешите повторно, прочитајте ги следните совети, кои веројатно ќе ви помогнат.
1. Одредете ги позитивните и негативните страни
Донесувањето на една одлука со себе носи свои позитивни и негативни страни, затоа добро размислете и предвидете што би се случило доколку се одлучите за една од нив. На лист хартија направете листа од позитивните и негативни аспекти и така ќе добите појасна слика за она што е најдобро за вас. Можеби во себе веќе знаете што сакате, но кога ќе го видите тоа напишано, ќе најдете оправдување за постапката и конечно ќе успеете да се решите.
2. Побарајте совет од пријател
Нема ништо лошо во тоа да побарате совет од некој близок пријател кога се обидувате да донесете тешка одлука. Но, внимавајте да не се потпрете единствено на тоа што тој/таа го мисли. Земете ги предвид нивните видувања, сите факти, вашиот личен став и одлучете се. На пример, доколку размислувате дали да се преселите на некое ново место, разговарајте со пријател да видите што тој мисли за тоа, но знајте дека тие секогаш ќе сакаат да останете каде што сте, бидејќи така ќе бидат поблиску до вас. Значи, сепак на крајот, одлуката е само ваша.
3. Разгледајте ги сите можни опции
Бидете информирани и разгледајте ги сите можни опции пред да донесете одлука. Доколку размислувате за нов потег во кариерата, или пак не можете да се одлучите каде да одите на одмор, истражувањето на интернет може да се покаже многу корисно. Ќе се инспирирате и веднаш ќе се одлучите што да направите.
4. Ризикувајте
Не е препорачливо ова да го правите при донесување на важни, животни одлуки, но е корисно за решавање на некои секојдневни, ситни дилеми. Доколку некогаш ви се смачи од многу размислување, едноставно препуштете се на ризикот и надевајте се на најдоброто.
Посетувајте онлајн-форуми
Онлајн-форумите се одлично место да побарате помош при донесување на некоја одлука. Не мора секогаш да коментирате за вашиот проблем, бидејќи огромни се шансите некој веќе да се соочил со тоа и само да ги разгледате дадените совети и да ги примените во вашата ситуација. Ова најмногу помага во донесување одлуки за интимни врски, пријателства, но и при изборот на соодветен факултет.
Верувајте ѝ на интуицијата
Многу луѓе ќе ви кажат да го следите срцето, кога станува збор за љубовта, и ова можеби е точно, но кога станува збор за некои попрактични одлуки, вашата интуиција веќе знае која опција е најдобра. Доколку не сте сигурни што ви кажува, фрлајте паричка. Ако бидете разочарани од исходот, тогаш честитки, бидејќи веќе знаете што сакате и што треба да направите.
Направете пауза
Доколку размислувате и се грижите за некоја одлука долго време, за момент заборавете на тоа и оддалечете се. На тој начин, подоцна ќе успеете да донесете пообјективна одлука, без да се чувствувате стресно или вознемирено. Исто како кога пишувате есеј, кратката пауза ви помага да се освежите, почисто да размислувате, а со тоа и полесно да донесете одлука.
Се надеваме дека ќе ги примените овие совети и дека ќе ви помогнат полесно да донесувате одлуки во иднина.