6 зимски модни комбинации со вашето омилено здолниште
4. Немојте да се откажете ниту од мини здолништата. Со дебели хулахопки, омилената блуза, капут и чизми до глуждовите, ќе можете да заминете секаде, без разлика дали станува збор за некоја дневна или вечерна прилика.
5. Ролките се одлично парче облека кога се комбинира заедно со здолништата, а доколку се носи со оние со А крој, кои достигнуваат должина до под колената, ќе имате комбинација на која сите ќе ви завидуваат. Заедно со мала чанта и високи потпетици, ќе бидете подготвени за вечерно излегување или пак за некоја свеченост. Оваа комбинација сигурно ќе ве потсети на Кери Бредшо, па еве ви доволна причина за да облечете и вие нешто вакво.
6. Бидејќи широките парчиња облека оваа година се во тренд, ние ви предлагаме краткото, широко здолниште да го комбинирате со широк џемпер, и со тоа ќе добиете комбинација која модните блогерки веќе подолго време ја пропагираат и обожаваат. Целата комбинација надополнете ја со некоја поголема чанта со јасни форми, и чизми до колена.