6 совети за оние коишто доцнат секое утро

6 совети за оние коишто доцнат секое утро

Дали честопати се чувствувате како некаде да брзате и никогаш не стигате да ги завршите сите обврски коишто ги имате во текот на денот? Стручњаците велат дека основната грешка којашто ја правиме е во тоа што се однесуваме како да е проблемот во недостатокот од време, а не во самите нас. Како последица на тоа, го потценуваме времето кое нам ни е потребно за да завршиме некоја задача или пак, лажеме и закажуваме состанок во одредено време, иако сме потполно свесни дека нема да можеме да стигнеме.

Еве што треба да направите доколку сакате да ја промените оваа лоша навика, за којашто сите луѓе околу вас ви замеруваат.6 совети за оние коишто доцнат секое утро

1. Го одложувате станувањето од кревет

Доколку секое утро сте истоштени и спиете до последниот возможен момент кога сфаќате дека нема да имате време за да се подготвите, редно време е да почнете да планирате порано да си легнувате во кревет навечер. Голем број луѓе не спијат доволно часови во текот на ноќта, а недостатокот од сон навистина ја намалува вашата среќа и здравје. Не заборавајте, сонот е пред сѐ!

2. Веќе доцните, ама морате уште нешто да завршите

Се обидувате да завршите барем уште една работа пред да излезете наутро од дома? Ова е уште една особина на луѓето коишто стално доцнат. Доколку секогаш се трудите да одговорите на уште еден имејл или да наполните уште една машина за перење пред да излезете и поради тоа секогаш доцните на работа или на предавања, има попаметно решение.

Зададете си задача откако ќе пристигнете на вашата посакувана дестинација и потоа, откако ќе ви завршат дневните обврски, вратете се дома 10 минути порано. Кажете си себеси дека ви требаат токму тие 10 минути откако ќе пристигнете дома, за да ги разгледате тие брошури или сметки со кои планиравте да си го потрошите времето потребно за превоз сабајлето.

3. Го потценувате времето потребно за превоз?

Можеби вие упорно си кажувате себеси дека ви се потребни 20 минути за да стигнете до работа, но во суштина се најмалку 35. Тоа е така бидејќи никогаш не го пресметувате времето коешто ви е потребно за да стигнете до автобуската станица, да го чекате автобусот којшто неретко доцни или сосема изумувате дека во колата немате бензин, па не ви ни паѓа на памет дека на бензинската станица можеби ќе има цел ред со други коли пред вас. 6 совети за оние коишто доцнат секое утроЗа да не ви се случува ова и понатаму, од утре цело време гледајте на часовникот и измерете колку точно минути ви се потребни за да стигнете до посакуваната дестинација и додадете плус десетина минути, зашто честопати се случува да има гужви, протести или сообраќајки низ град. На тој начин ќе знаете точно во колку часот треба да излезете од дома, па ако го надминете тоа време, ќе знаете колку точно минути ќе доцните.

4. Каде ли ги оставивте клучевите, часовникот, телефонот, очилата за сонце?

Нема нешто што повеќе оди на живци, од барањето изгубени предмети низ домот кога знаете дека веќе доцните. За да го избегнете овој проблем наутро, определете си место во домот каде што секогаш ќе ги оставате битните предмети, како на пример клучевите од автомобилот и секогаш оставајте ги од вечерта на истото место. Мобилните телефони честопати се губат низ домот, ама наместо да губите време барајќи го зад каучот, заѕвонете си од фиксниот телефон и проблемот е решен, а вие нема да задоцните и денес.

5. Си спремате сендвич за појадување?

Најекономично, а богами и највкусно е секогаш домашно приготвеното јадење. Доколку честопати си спремате сендвичи за на работа од дома и затоа доцните, правете го тоа од вечер и чувајте го во фрижидер во затворено кесе, од кое убаво ќе го истиснете воздухот и ќе го затворите со ластиче. Утрото сендвичот ќе биде подеднакво свеж, како да е тукушто приготвен, а вие ќе бидете сталожени наутро и нема да ве фаќа хистерија од трчање низ домот.6 совети за оние коишто доцнат секое утро

6. Научете да се носите со последиците

Дури и ако сте од оние коишто стално доцнат, сепак мора да признаете дека ќе стигнете навреме доколку станува збор за важни, неодложни обврски. Така на пример, нема си ја местите фризурата пред огледало повеќе одошто ви дозволува времето, кога треба да одите да го фатите летот на аеродром, зашто сте свесни дека авионот нема да ве чека вас.

А има ли нешто полошо од тоа да задоцните на интервју за работа? Така треба да ги третирате и обврските и луѓето коишто ве чекаат да пристигнете во точно договореното време. Нареден пат кога ќе задоцните, ставете 50 денари во прасенцето за пари и тоа правете го секојпат кога нема да стигнете навреме. За одреден период ќе го наполните прасето со пари, кое само по себе ќе ви покаже колку сте неодговорна и несовесна личност!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар