6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годината

6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годината

Можеби април се смета за најсуровиот месец во годината, но затоа јануари е месец во кој луѓето најмногу страдаат од сезонска депресија. Разочарувањето што следува после празниците се поврзува и со сè пократките денови, а за сметка на тоа и сè подолгите ноќи, со лошите временски услови и високите сметки. Зимската депресија е сезонско нарушување.

„За време на зимските месеци, многу често луѓето се чувствуваат потиштено“, тврди психологот Дон Лафранс, помошник – директор на Центарот за советување во Њујорк.

Се чини дека не е само јануари критичен месец, туку и февруари. Постои разлика помеѓу лошото расположение и потешката состојба – сезонското нарушување.

„Разликата е во интензитетот на симптомите. Во ред е да се плаче, но не е добро да се плаче три дена по ред“, вели Лафранс.

6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годината

Зимската депресија најчесто трае неколку дена, после кои обично се појавува некакво задоволство. Симптомите на зимска депресија се: брза промена во тежината, спиење повеќе од 9 или помалку од 5 часа, како и отсуство на волја. Овие симптоми може да се спречат на лесни и едноставни начини, како што се здравата исхрана, редовното вежбање и занемарување на временската состојба.

1. Одредете што точно ве потиштува

Автоматски може да помислите дека лошото време и сè пократките денови е тоа што ве потиштува, но голем удел во тоа може да имаат и други фактори, како што се, на пример, финансиите. Високите сметки и празничните трошоци го поттикнуваат стресот што ги потиштува луѓето. Депресијата, што се јавува тогаш, зависи од поединецот. Кога тој ќе дознае која е вистинската причина за депресија, тогаш ќе може полесно да се справи со неа.

2. Вашите планови да не зависат од вашето расположение

Во периодот на зимска депресија, многу е важно да се одржуваат социјалните контакти. Луѓето најчесто се договараат со пријателите кога се добро расположени, но кога ќе станат нерасположени, ги откажуваат плановите, а потоа се чувствуваат уште полошо. Посебно треба да се внимава на постепеното оддалечување од пријателите. Потрудете се да ги исполните социјалните обврски и не плашете се да им се доверите на блиските пријатели дека ви е потребна помош во овој период од годината.

3. Внимавајте на исхраната

Во текот на зимата потешко е да се придржуваме кон здравата исхрана. Посклони сме кон храна богата со јаглехидрати, што е уште еден симптом за зимска депресија. Токму јаглехидратите се виновни за појавата на летаргија. Внесете повеќе овошје и зеленчук во исхраната (во недостаток на свежи, дозволени се и органски намирници). Во готвењето може да употребувате и замрзнати производи, или пак ако сте зависни од ресторани, не прескокнувајте ги здравите менија.

4. Вежбајте

Вежбањето е одличен лек против зимската депресија, но е прилично тешко кога времето е премногу студено. Во таков случај, добро би дошла и кратка, брза прошетка, а не смеат да се заборават и зимските спортови, како што е скијањето. Дури и посетата на теретана е подобра, отколку седењето дома. Ако и тоа е голем предизвик, повикајте некој пријател да ви се придружи. Дополнителна мотивација нека ви биде намалувањето на килограмите.

5. Внесете повеќе светлина во животот

Светлинската терапија се користи за лекување на сите видови полесни и потешки сезонски нарушувања и е доста ефикасна. Вклучете повеќе светилки во работната просторија, подигнете ги ролетните од прозорците, излезете на пауза на пладне, кога сонцето е најјако, посебно ако е стемнето кога доаѓате и кога си заминувате од работа. Прескокнувањето на овие совети ќе ве чини 1.000 единици витамин Д помалку, што, секако, не е добро за организмот. Зимската депресија е директно поврзана со витаминот Д и неговото присуство или отсуство во организмот.

6. Не донесувајте животни одлуки

Доколку сметате дека зимската депресија влијае на вашата работа, на вашиот начин на живеење или на вашиот љубовен статус, во тој случај не обидувајте се да промените некоја од овие работи, сè додека не најдете време добро да размислите за нив. За време на зимската депресија, не правете нагли промени, без претходно согледување на сите можности. Најдобро е да почекате еден месец и да видите дали сè уште се чувствувате исто пред да донесете важна одлука.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар