5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулација
Веќе со месеци секојдневно си ветувате себеси дека „од утре“ ќе почнете да вежбате, но тоа никако да се случи? Верувајте, не сте единствените. Ако дневниот распоред ви е постојано исполнет и не знаете како би нашле час-два дневно за вежбање доколку се зачлените во фитнес-центар, ние го имаме вистинското решение за вас, кое нема да ви ги расипе плановите. Секој од нас, има 5 слободни минути во денот, така?
Овие 6 куси видеа со вежби, кои доколку редовно ги правите ќе ги затегнат вашите мускули на нозете, бутините, задникот, рацете и стомакот, ќе ви одземат точно 5 минути и 35 секунди. Немате повеќе причини со кои ќе ја оправдате вашата неактивност и мрзеливост. Сѐ што ви е потребно е подлога за вежбање, лесни тегови и интернет конекција за да го вчитате нашиов пост. Ако сте поамбициозни, повторете ги вежбите повеќе пати. Со среќа!
Во видео-плеерот има 6 видеа наредени во плејлиста. Стиснете на копчето „play“ на дното од видео-плерот за да ги погледнете сите видеа (прво копче од десно).
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Super vezhbi. So redovno vezhbanje se nadevam na rezultati 😉