5 работи кои ни под разно не смеете да ѝ ги кажете на свекрвата
Колку и да е вашата свекрва неподнослива, надмена и арогантна, некои работи не смеете никогаш да ѝ ги кажете в лице, пред сè заради вас, вашиот сопруг и вашиот брак.
Зошто мораш да му се јавуваш баш секој ден?
Она што би следело како одговор на ова прашање не би сакале да го слушнете ни во вашиот најголем кошмар. Како може да помине ден, а мајката да не се јави да го праша синот дали е добар, како му прошол денот, што ќе јаде за ручек и слично? Тој самиот треба да се справи со мајка му во врска со ова, не вие.
Син ти е одличен во кревет
Никогаш, ама баш никогаш не ја спомнувајте темата секс пред вашата свекрва. Тоа за неа е табу тема и што се однесува до неа, тоа нејзиниот син не го прави.
Не сакам да седам дома и да чувам деца додека син ти си гради кариера
Во нејзино време тоа не било така. Местото на жените било во домот, со децата, а за нивната кариера не можело ни да стане збор додека тие не пораснат. Исто така, ако одлучите да бидете мајка со кариера, подгответе се да слушате критики.
Убаво беше јадењето, само малку мрсничко, ми се затнаа крвните садови 🙂
Во никој случај да не ви падне на памет да го критикувате нејзиното јадење. Дури, треба да изедете што повеќе, да побарате репете и една порција за носење за да се насладите и другиот ден од нејзиниот вкусен ручек. Откако ќе го испофалите нејзиното готвење, можете да побарате и десерт за кој сте убедени дека ќе биде многу добар.
Бараме куќна помошничка, немам време да чистам и да средувам по дома
Како е можно некоја непозната жена да ви седи по дома, да ги пегла кошулите на нејзиниот син, да ви го раскрева креветот во кој спиете и да ви ја пере долната облека? Овие работи не се за кажување пред свекрвата, бидејќи во нејзино време таа ги правела сите овие работи и плус се грижела за одгледување на нејзиниот син кој е сега ваш сопруг. Ако си најмите жена за помош во домот, склопете договор за дискреција и молчење – што е сигурно, сигурно си е.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.