5 причини зошто интровертите се најдобрите партнери

5 причини зошто интровертите се најдобрите партнери

Доколку сте во врска со интроверт, тогаш сигурно знаете дека тие значително се разликуваат од другите момци. И покрај тоа што се одлични слушатели, им треба многу време за одговор, па токму тука може да настане проблемот. Од друга страна пак, вие никогаш не би можеле да разговарате со нив за површни работи, бидејќи тие вешто ќе ве насочат кон подлабоки мисли. Па, што е тоа што ги прави одлични партнери во однос на другите?

5 причини зошто интровертите се најдобрите партнери

1. Тие слушаат повеќе одошто зборуваат

Интровертите секогаш размислуваат пред да кажат нешто нешто. За нив сосема е природно прво да ги разгледаат сите можности, а потоа да одговорат. Токму затоа и многу е важно да разберете дека тие ги процесираат информациите преку слушање, а не говорење и поради тоа понекогаш ќе им биде потребно повеќе време да ви одговорат. Тишината не е знак дека тие ве казнуваат со молчење, туку дека едноставно им е потребно повеќе да размислат точно што сакаат да ви кажат.

Совет: Прашајте го вашиот партнер кога е најдоброто време за разговарање (некои преферираат порано во текот на денот за време на кафето, а некои подоцна). Земете го во предвид ова кога ќе се договарате за сериозни разговори и без разлика на темата, секогаш оставајте им повеќе време за размислување со цел да можат соодветно да ви одговорат. Ако им поставите прашање, не зборувајте сè додека не добиете одговор.

2. Тие сакаат длабоки нешта

Интровертите имаат тенденција да уживаат во значајни разговори. Површните кратки разговори се нешта кои тие редовно ги избегнуваат, па токму затоа очекувајте подлабоки прашања од нив. Од друга страна пак, тие се навистина заинтересирани за она што го размислувате и токму затоа во секое време се подготвени да ги ислушаат сите ваши мисли.

Совет: Обрнете внимание на оние нешта кои го фасцинираат вашиот интроверт. Откријте кои се неговите интереси и поставувајте му искрени прашања на овие теми. Покажете интерес за она што го привлекува и повторно, доколку му треба повеќе време да ви одговори, бидете трпеливи. Најдобриот подарок кој можете да му го дадете е времето за обработка на прашањето и составување на соодветниот одговор.

3. Тие се експерти во останување мирни

За време на тешките и стресни времиња, тие проектираат утешителна и мирна самодоверба. Сосема е природно за интровертите да зборуваат бавно и меко за да ја покажат својата цел. Понекогаш дури знаат и да се подготват и вежбаат пред да го започнат разговорот со вас. Зрелиот интроверт има способност дури и да се научи како внатрешно да ги исфрли сите негативни мисли, правејќи го оптимист кој секогаш ќе биде на вашата страна.

Совет: Не заборавајте да ја фалите неговата смирена страна. Покажете му дека се чувствувате безбедно и удобно покрај него токму поради тоа. Неговите емоции можеби никогаш нема да достигнат екстреми во спектарот и токму затоа некој би рекол дека е здодевен, па уверете го дека неговата природа е навистина вредна за вас.

4. Тие преферираат пораки наместо разговор

Интровертите пишуваат многу повеќе одошто зборуваат. Особено доколку има работа во која вклучува целодневно зборување со луѓе, тој најверојатно ќе биде „исцеден“ кога ќе се врати дома, па токму затоа и полесно му е да ви прати додворувачка порака отколку да ви се јави.

Совет: Поставете одредени параметри во вашите очекувања за пораките, бидејќи некои интроверти понекогаш знаат и да претеруваат. Обидете се да најдете баланс, помеѓу она што вам ви е прифатливо и она што нему му е потребно и секогаш трудете се веднаш да одговарате на пораките. Ќе се изненадите од начинот на кој тој ќе ви се обраќа преку пишувањето.

5. Тие обожаваат да поминуваат време самите со себе

Интровертите кога се изолирани се полнат со енергија. Особено ако се во врска со девојка која е екстроверт. Па, доколку имате брз социјален календар, имајте на ум дека на вашиот интроверт ќе му биде потребно слободно време за „полнење батерии“. Откако ќе се прилагодите на неговите потреби за слободно време, вашата врска ќе добие сосема нова насока, од која и двајцата ќе имате големи придобивки.

Совет: Што и да направите за да го охрабрите вашиот интроверт да биде малку насамо, вие ќе му помогнете. Многу жени се несигурни и се чувствуваат напуштено кога нивниот партнер ќе исчезне на неколку саати, но доколку помеѓу вас постои доверба, тогаш нема потреба да се грижите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар