5 клучни техники на шминкање кои треба да ги совладате
3. „Класична“ мејкап техника
Овој начин на шминкање подразбира комбинација од претходните две техники и за нејзино успешно применување ќе ви биде потребна еднобојна сенка. Совршено за сите прилики.
4. Мејкап техника со молив за очи
Со помош на моливот за очи лесно можете да го „преобликувате“ оригиналниот облик на очи без разлика каков е тој. Во зависност од тоа со каков облик се вашите очи, нанесете молив и на горниот и долниот капак за да создадете соодветни контури, секако, во комбинација со базична сенка. Ќе ви биде потребна и четка за сенчење, а таа траба да биде тенка, рамна и цврста. Ако сакате уште подобар ефект, употребете ајлајнер.
5. Техника на зачадени очи
Кога зборуваме за шминкањето на очите, зарем би можеле да ја заобиколиме оваа техника? Клучот е во нијансирањето и создавањето мазен премин од нијанса во нијанса. И за ден и за ноќ, оваа техника на шминкање е беспрекорна, само за ден избирајте сведени, понежни тонови. И уште нешто, кога ќе играте на картата за драматичен изглед, карминот би требало да биде во некоја „помирна“ нијанса за да не изгледате пренатрупано.