5 чекори за совршени „зачадени очи“
„Зачадени очи“ (Smokey eyes) е техника на шминкање на очните капаци која девојките не ги остава рамнодушни, но ни момците. Погледнете како да ја совладате во пет едноставни чекори.Најпрво, направете ја вообичаената подготовка на лицето – ставете течна, па потоа камена пудра.
1. Со црно моливче за очи исцртајте го корниот капак на окото и со прст замачкајте ја исцртаната линија.
2. Изберете една палета со сенки во 3 или 4 бои. Со четкичка, нанесете на капакот на очите од најтемната нијнса од палетата.
3. Потоа, на горниот дел од очите нанесете од посветлите нијанси.
4. На крај, на внатрешниот агол од очите нанесете од најсветлата сенка.
5. Земете црна маскара и нанесете ја на горните и долните трепки.
Забелешка: За подобар ефект и помоќен изглед, нанесете црно моливче во внатрешниот дел на долниот и горниот капак. Потоа под долниот капак, нанесете со четкичка тенка линија црна блескава сенка за очи. За изгледот да биде комплетен, нанесете руменило во светли тонови. На крај, одберете и кармин со посветли нијанси (боја на праска на пример), бидејќи очите треба да ви се истакнат.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Kolku sto gledam devojkava na slikata ima sminka i na dolniot del od ocite. Kaj vi e toj cekor?
Ти благодариме за забелешката Тина.
<3